Осигурување на специјалистичко - амбулантно лекување

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита. Притоа трошоците не смеат да бидат пречка да си ја овозможиме врвната здравствена грижа што ја заслужуваме.

Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени  услуги, со кое ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

 

Затоа изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Во Триглав Осигурување создадовме нова можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет, осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување.

 

Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистичко-амбулантни здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ОСИГУРЕНИК :

  • Осигуреник може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување.

Дете (лице помладо од 18 години) може да се осигура само на иста полиса со родителот.

 ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ :

Осигурувањето на специјалистичко – амбулантно лекување на Триглав Осигурување покрива:

  • Специјалистичко лекување (прегледи, дијагностички анализи како: RTG, EKG, UZ, EMG, EEG, VEP, OCT, лабараториска анализа, спирометрија и соодветни едноставни амбулантни зафати како: пункција, нега на рани, отстранување на туѓо тело, биопсија и слично);
  • Комплексни дијагностички постапки (компјутерска томографија, магнетна резонанца, сцинтиграфија, артрографија, гастроскопија и така натаму);
  • Хируршки зафати во дневна болница (хируршки зафат на око, зафат на солзни жлезди, дијагностичка и терапевтска артроскопија на лакт, колено или скочен зглоб, разбивање на бубрежни камења, операција на кила и така натаму);
  • Амбулантна рехабилитација (амбулантна физиотерапија, работна терапија, терапија на говор);
  • Лекови издадени на розев рецепт.

Во текот на една осигурителна година, од една иста причина се осигурувате за три специјалистички прегледи, две комплексно дијагностички постапки и два хируршки зафати во дневна болница.

 

Во првите три месеци од првото склучување на полисата, Триглав нема обврска да ги надоместува трошоците во случај на дијагностицирање, односно лекување на болест или состојба. Сепак, доколку во овој период дојде до несреќен случај или незгода, како и при обнова на полисата, осигурувањето ги покрива трошоците за лекување.

ГОДИШНА ПРЕМИЈА

Годишната премија за ова осигурување зависи од возраста на осигуреникот и истата може да се плаќа и до 12 месечни рати.

                 

Возраст

Годишна премија за осигурување на

специјалистичко - амбулантно

лекување

0 – 18

6.820 денари

18 – 40

8.240 денари

40 – 50

10.970 денари

50 – 60

14.325 денари

60 – 65

19.055 денари

65 и повеќе

Премијата дополнително се одредува

 

За сите дополнителни информации јавете се на телефонскиот број 02/51 02 231 (08-16 часот), пишете ни на e-mail адресата info.zdravje@triglav.mk или посетете некое од нашите продажни места.