Осигурување на автомобили

Одберете го осигурувањето на автомобил коешто ви обезбедува најдобра покриеност и коешто најдобро ќе ве заштити вас, вашето возило и вашите патници.


Триглав автомобилска асистенција

Автомобилска асистенција е новата услуга, којашто на клиентите на Триглав Осигурување, корисници на автомобилско и/или каско осигурување нуди заштита и подршка кога таа им е најмногу потребна.

автомобилска одговорност - AO

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Каско осигурување

Обезбедете целосно осигурување за Вашето возило и не грижете се кој е причинител на штетата на Вашето возило.

Осигурување од авто-незгода

Во сообраќајна незгода може да дојде до повреда на возачот, како и на патниците. За неколку денари повеќе во годишната премија, обезбедете поголема сигурност за сите.

Зелена карта

Осигурувањето на вашиот автомобил важи и во странство, за што е потребно да си обезбедите зелена карта. Зелената карта е меѓународно признат документ за осигурување, којшто Ви е задолжително потребен доколку со возилото планирате да патувате надвор од границите на државата.

Осигурување за лекување на повреди здобиени во сообраќајна незгода

Со ова осигурување по исклучително поволни услови си обезбедувате рехабилитација од повреди настанати при сообраќајна незгода.