Триглав автомобилска асистенција

Автомобилска асистенција е новата услуга, којашто на клиентите на Триглав Осигурување, корисници на автомобилско и/или каско  осигурување нуди заштита и поддршка кога таа им е најмногу потребна.

 

 

ШТО Е АВТОМОБИЛСКА АСИСТЕНЦИЈА?

Триглав автомобилска асистенција нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа, коишто спаѓаат во системот на зелена карта. Асистенцијата е наменета за сите видови на моторни возила и моторцикли .

 

Автомобилската асистенција е дополнителна услуга, чија валидност е поврзана со времетраењето на полисата за автоодговорност и за каско осигурувањето, поточно, со истекот на овие полиси завршува и важноста на Асистенцијата, но таа може да се склучи и да се поврзе со овие осигурувања во секое време.

 

Триглав автомобилска асистенција овозможува поддршка, којашто опфаќа услуги, значајни во моменти кога се соочуваме со проблеми во сообраќајот:

 

Грижа за возилото

  • Помош дома и на пат
  • Помош во случај на проблем со клучевите од осигуреното возило
  • Извлекување на возилото
  • Влечење, или пренос на возилото
  • Достава на гориво
  • Организирање пренос на поправеното возило

Грижа за клиентот

  • Превоз на клиентот
  • Заменско возило
  • Хотелско сместување
  • Заменски возач во странство
  • Помош во случај на смрт во странство
  • Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство
  • Придружба на малолетен клиент

Триглав обезбедува три пакети на автомобилска асистениција, коишто се разликуваат според услугите опфатени во пакетот:

  • Триглав автомобилска асистенција основен пакет
  • Триглав автомобилска асистенција плус
  • Триглав автомобилска асистенија комфорт

 

КАКО ДА ЈА ПОВИКАТЕ ТРИГЛАВ АВТОМОБИЛСКА АСИСТЕНЦИЈА?

  • Доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 16 206, или пак на претплатничкиот број 02 511 62 06*
  • Во случај на штетен настан во странсво јавете се на телефонски број +389 2511 62 06**

*За повиците од Македонија на претплатничкиот број важат тарифите за локални појдовни повици на мобилниот оператор.

**За повиците од странство важат тарифите на роаминг услугите по тарифа на мобилниот оператор.

 

Триглав обезбедува асистентска помош во европските земји, коишто се членки на системот на зелена карта. Исклучок се земјите Албанија, Молдавија и Украина, за кои обезбедуваме покритие во рамките на осигурителниот пакет, за што е потребно да се јавите и да ја пријавите вашата лична организација во случај на штетен настан.

 

При повикот до Триглав автомобилска асистенција потребно е да ги доставите следните податоци:

  • Број на полиса
  • Име на лице и телефонски број, којшто треба постојано да биде на располагање на оператерот на центарот за асистенција
  • Опис на причина за асистенција (дефект, оштетување, исклизнување и сл.)
  • Микролокација на настанот
  • Број на патници во расипаното, т.е. оштетеното возило
  • Во која насока сакате да гo продолжите патот

ПРЕМИЈА

 

Патнички возила

Товарни возила

Моторцикли

Автомобилска асистенција

ОСНОВЕН ПАКЕТ

1000 МКД

1300 МКД

700 МКД

Автомобислка асистенција

ПЛУС

1500 МКД

1950 МКД

1050 МКД

Автомобислка асистенција

КОМФОРТ

2000 МКД

2600 МКД

1400 МК

*Висината на премијата се пресметува во зависност од премиската група. Во горната табела се дадени информации само за премиска група 1,2 и 4.  Премиската група 3 вклучува специјални возила- станбени возила, додека премиската група 5 вклучува приклучни возила.

ПОПУСТИ

Патнички возила 

Во промотивниот период Триглав обезбедува посебни поволности за основниот пакет и пакетот Плус за клиентите, корисници на каско осигурување. Поволностите важат само за осигурениците кои веќе имаат склучено каско 

полиса во Триглав.

 

10% попуст следува на сите пакети на Триглав Автомобилска асистенција за патнички автомобили опремени и наменети за возење, или за превоз на инвалиди.

 

Товарни возила и мотоцикли


Во промотивниот период Триглав обезбедува посебни поволности за основниот пакет и пакетот Плус за клиентите, корисници на каско осигурување. Поволностите важат и за осигурениците кои веќе имаат склучено каско полиса во Триглав.

 

За сите дополнителни информации јавете се на телефонскиот број 02/51 02 222 (08-16 часот), контактирајте со вашиот агент за осигурување, пишете ни на e-mail адресата asistencija@trilgav.mk, или пак посетете некое од нашите продажни места.

 

ПРЕГЛЕД НА ПАКЕТИТЕ НА АВТОМОБИЛСКА АСИСТЕНЦИЈА