Зелена карта, осигурување, сообраќајна незгода во странство, полисата за авто-одговорност, зелена карта од Триглав

Секогаш кога патувате со Ваше возило надвор од Република Македонија, меѓу другото, на граничните премини ќе Ви биде побарана и зелена карта за осигурување на возилото. Таа служи за Ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку Вие сте причинителот.

Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за авто-одговорност, имено, со истекот на полисата на авто-одговорност автоматски престанува важноста на Зелената карта.

Доколку осигурувањето од авто-одговорност е направено во Триглав Осигурување, во тој случај за патување со Вашето возило надвор од границите на државата задолжително обезбедете и Зелена карта од Триглав.

Сите штети предизвикани со Вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, во Ваше име ги надоместува Триглав Осигурување.

Тука спаѓаат:

  • материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
  • нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.

ВНИМАНИЕ!

Доколку имате сообраќајна незгода во странство за која не сте виновни, Вашата зелена карта не Ве штити и не ги покрива штетите. Во ваков случај треба да се јавите во бирото за зелена карта во земјата каде е настаната сообраќајната незгода или директно во осигурителната компанија на виновникот. Таму детално ќе ве информираат што треба да направите. Телефоните и адресите на бироата за зелена карта се наведени на задната страна од зелената карта.

За дополнителен совет можете да се јавите и на нашите телефони: +389 2 5102 102 / +389 2 5102 103

Наједноставен начин да ја надоместите Вашата штета настаната во странство е со Каско осигурување. Оваа осигурителна услуга сепак не чини многу во однос на покритието и целосната заштита што Ви ги нуди.

 

Надомест на штета Како да постапите при сообраќајна незгода Обврски по враќање во Република Македонија

Надомест на штета

Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Иако сте виновни за незгодата, потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.

Како да постапите при сообраќајна незгода

Доколку доживеете сообраќајна незгода:

  • не поместувајте го возилото;
  • поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
  • погрижете се за повредените лица;
  • повикајте полиција;
  • направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
  • разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
  • побарајте белешка од полицијата;
  • пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од Вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
  • доколку имате некаков проблем, јавете се во Триглав Осигурување во Вашиот град или во централата: +389 2 5102 222.

Обврски по враќање во Република Македонија

По враќање назад во Република Македонија, веднаш пријавете ја штетата во Триглав Осигурување. При описот на незгодата, законски сте обврзани да бидете објективни. Дополнителните

трошоци предизвикани поради необјективен опис ги сносите самостојно. Штетата на возилото, настаната надвор од 

Република Македонија, можете да ја пријавите на следниов начин:

  • лично
  • на e-mail адресата: steti@triglav.mk
  • по факс: +389 2 5102 297
  • по пошта, со писмена изјава
Ова е единствен начин да Ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до Вас.