Осигурување на пловни објекти

Доколку сакате да пловите и сте сопственик на пловен објект, погрижете се за соодветно осигурување. Така, ќе заминете на пат со една грижа помалку.
Триглав Осигурување обезбедува осигурување на секој пловен објект којшто е во пловна состојба, како во водите на Република Македонија, така и за време на пловидба надвор од границите на земјата. Пловилата се осигурени за време на пловидба, мирување, укотвување, како и од одговорност за штети причинети на трети лица.

Осигурувањето на пловниот објект ги опфаќа:
  • трупот;
  • инсталациите;
  • уредите;
  • инвентарот и опремата;
  • редовните залихи на гориво;
  • масла и други бродски материјали;
  • залихи на храна и пијалаци потребни за посадата на бродот.

Осигурување од одговорност за штети причинети на трети лица за пловни објекти

Доколку сакате да пловите и сте сопственик на пловен објект, погрижете се за соодветно осигурување од одговорност. Така, ќе заминете на пат со една грижа помалку.