Имотни осигурувања

Имотните осигурувања опфаќаат осигурување на сите видови на градби и објекти во градба, од пожар, провална кражба, земјотрес и други опасности.

Осигурување на компјутери

Осигурете ги компјутерите и придружната опрема пред да дојде до нивно оштетување.

Осигурување од кршење на машини

Оштетување или расипување на машини, уреди и алатки претставува голем трошок за секоја компанија. Осигурувањето на машините од кршење го опфаќа овој сериозен трошок.

Осигурување од земјотрес

Осигурувањето од земјотрес ви нуди материјална сигурност за штета којашто може да ја предизвика земјотрес.

Осигурување на објекти во градба и монтажа

Најзначаен вид осигурување на објекти е осигурувањето за време на градба, доградувањето или адаптацијата, односно осигурување на објекти во градба и монтажа, бидејќи ги покрива сите основни опасности коишто го загрозуваат објектот за време на градењето.

Осигурување на стакла

Ова осигурување опфаќа осигурување на стакло, слики, мермерни плочи, порцелански лавабоа, сообраќајни огледала, светлечки натписи, рекламни табли, споменици и слично.

Осигурување од пожар и други опасности

Со соодветен избор на осигурување во случај на незгода ќе ја зачувате вредноста на вашиот имот а воедно ќе си обезбедите посигурна иднина. Направете избор на осигурување со коешто ќе го осигурате вашиот имот пред опасностите кои секојдневно ве загрозуваат.

Осигурување од провална кражба и разбојништво

Постојано слушаме за провални кражби и разбојништва. Затоа погрижете се за добро осигурување.