Осигурување на посеви и плодови

Одберете безбедна иднина - осигурете ги вашите посеви и плодови.

 

Земјоделството во Република Македонија претставува значајна стопанска  гранка, која што учествува со над 10% во БДП, а 20% од населението се занимава со оваа дејност. За некои населени места претставува и единствен извор на средства. Република Македонија располага со 190,752 хектари обработливо земјиште и има регистрирано околу 72.000 земјоделци.

Инвестирањето во модернизирање на условите за работа, како и достигнувањето на подобар квалитет и подобар пласман на пазарот се од огромна важност за развојот на земјоделието, како една од најважните економски гранки во нашата држава.

 

Погрижете се градот, мразот, поплавите, пожарите, луњите и другите непогоди да не го загрозат вашиот приход поради уништување или намалување на вашите приноси. Во осигурувањето на посевите и плодовите може да Ви помогнат и субвенциите што ги нуди државата.

ШТО ОСИГУРУВАМЕ?

Триглав овозможува осигурување на сите земјоделски култури во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето. Ова осигурување опфаќа:

  • лозови насади;
  • овошни насади;
  • житни култури;
  • градинарски култури;
  • индустриски култури;

ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ

Основни ризици коишто се покриваат со осигурувањето се :

  • град;
  • пожар;
  • гром.

Ви препорачуваме, покрај основното осигурување, да склучите и дополнително осигурување, со коешто ќе ги заштитите посевите и плодовите од:

  • пролетен мраз;
  • поплава;
  • луња.

Исто така можете да изберете проширено покритие на овошните плодови (јаболка, круши, праски и кајсии) од губење на количина и квалитет.

СУБВЕНЦИИ

Одберете безбедна иднина и искоритете ја можноста да ги осигурите Вашите површини, користејќи ја помошта од државата, која што субвенционира 60% од висината на премијата за осигурување. Се што треба да направите е:

  • Да сте регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства;
  • Да доставите решение од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој, во експозитурите на Триглав Осигурување;
  • Да обезбедите полиса за осигурување;
  • Копија од полисата заедно со пополнето Барање за помош на премии во осигурување поднесувате во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој.