Oсигурување на земјоделие

Одберете безбедна иднина - осигурете ги вашите посеви, плодови и животни.
Голем дел од територијата на Република Македонија е прекриен со обработлива земја, што претставува основен услов за земјоделска и сточарска дејност.

Инвестирањето во модернизирање на условите за работа, како и достигнувањето на подобар квалитет и подобар пласман на пазарот се од огромна важност за развојот на земјоделието, како една од најважните економски гранки во нашата држава.

ШТО ОСИГУРУВАМЕ?

Триглав овозможува осигурување сите земјоделски култури во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето.

ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ

Основни ризици коишто коишто се покриваат со осигурувањето се :
  • Град;
  • Пожар;
  • Гром.
Ви препорачуваме, покрај основното осигурување да склучите и дополнително осигурување, со коешто ќе ги заштитите посевите и плодовите од:
  • Пролетен мраз;
  • Поплава;
  • Луња.

ОДБЕРЕТЕ БЕЗБЕДНА ИДНИНА, САМО 40% ОД ОСИГУРУВАЊЕТО Е ВАША ОБВРСКА

Триглав Ви нуди осигурување со кое само 40% од висината на премијата се Ваша обврска и можат да се покријат на рати, додека останатите 60% ги субвенционира државата.

СУБВЕНЦИИ

Одберете безбедна иднина, само 40% од висината на премијата се Ваша обврска и можат да се покријат на рати, додека останатите 60% ги субвенционира државата.

УСЛОВИ ЗА СУБВЕНЦИИ

  • Доставете потврда од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој, во експозитурите на Триглав Осигурување;
  • Обезбедете полиса за осигурување.
Осигурување на посеви и плодови

Одберете безбедна иднина - осигурете ги вашите посеви, плодови и животни.

Земјоделско осигурување

Одберете безбедна иднина - осигурете ги вашите посеви, плодови и животни.