Осигурување на животни

Домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. Затоа Триглав Осигурување подготви производ кој што Ви овозможува да ги осигурите Вашите домашни животни и миленици во случај на незгода или болест.

Кои видови животни можат да се осигурат?

Ова осигурување е наменето за домашни животни (коњи, говеда, свињи, овци, кози, пердувести животни), домашни миленици (кучиња), пчели, риби и егзотични животни.

Од кои ризици можат да се осигурат животните?

Основното покритие обезбедува животните да се осигурат од смрт од болест, или несреќен случај. Со одредена доплата можат да се вклучат покритија за следните случаи:

  • губење на ждребе, или теле при ождребување/отелување;
  • делумно умирање на пчелните семејства од хемиски препарати, кои што се користат во земјоделството;
  • лекување на домашни миленици (кучиња);
  • бегање на риби од рибогоилиште поради поплава, или буици.

Истотака можат да се осигурат:

  • животни за време на престој во карантин;
  • животни на изложби;
  • егзотични животни во и надвор од зоолошки градини;
  • машки приплодни грла, од опасност за загуба на приплодната способност.

 

Триглав Осигурување, како општествено одговорна компанија, нуди дополнителни поволности за осигурување на домашни миленици (кучиња), кои се користат за медицински потреби кај деца со аутизам и кај слепи лица.

Каде можам да склучам договор за осигурување на животни?

Договор за склучување на осигурување можете да направите во најблиската експозитура. Сѐ што треба да направите е да ја обезбедите потребната документација и да пополните Прашалник за осигурување животни.