За нас

Веруваме во иднината, остануваме на патеката на профитабилност и сигурност

Кога сакаш да ги оствариш своите сништа за иднината, мора да им вдахнеш живот и да им дозволиш да живеат без ограничувања. Тие сништа се нашата мисија, во која веруваме и со која живееме. „Создаваме посигурна иднина“. Мисијата ја остваруваме врз основа на нашите вредности, а тие се: стручност, сигурност, општествена одговорност и едноставност.

 

Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој деловен чекор, колку  и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните и убавите периоди така и во време на неизвесност и промени.

 

Иднината на Групацијата „Триглав“ е полна со надеж и доверба, многу работа и посветеност, но и визија, којашто нé води напред, да работиме профитабилно и безбедно. Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската стабилност на Групацијата „Триглав“.

 

Во секоја долготрајно успешна организација, брендот е тој којшто ги гарантира квалитетот и препознатливоста, што е особено важно за организациите коишто нудат услуги. Нашите најдлабоки уверувања ги резимираме во основните вредности на брендот, што секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи и во односите со околината :

  • Стручност

Деловните цели ги реализираме врз основа на стручноста во финансиските услуги, што се темели на експертизата на вработените. Носители сме на развојот на бизнисот на осигурувањето во регионот Адриатика.

  • Сигурност

Со ефикасното преземање на ризиците обезбедуваме сигурност и доверливост во работењето. Нудиме квалитетни производи и услуги, коишто ја гарантираат финансиската стабилност.

  • Општествена одговорност

Одржливиот развој на Групацијата „Триглав“ се темели врз општествената одговорност, која ги вклучува економскиот, законскиот, етичкиот и филантропскиот аспект.

  • Едноставност

Нашиот фокус се клиентите, затоа нашите производи и процеси се едноставни, а воедно високо квалитетни.

 

Јадро на секој моќен бренд е неговиот идентитет. Тој е темел на работењето и на сите идни промени, што ќе не доведат до одржлив развој со одличен углед. Идентитетот на брендот „Триглав“ го сочинуваат интегритетот во делувањето, достапноста во комуникацијата, семејството како извор на инспирација и мотивација и понудата на најголема вредност.

 

„Триглав Осигурување“ АД Скопје како друштво постои на македонскиот пазар повеќе од 45 години. Основано е во 1968 година како единица на Заводот за осигурување на имот и лица на Југославија (како подружница на друштвото ЗОИЛ Југославија), а потоа прераснува во подружница со статус на правно лице во новооснованиот Завод за осигурување на имот и лица  „Дунав Белград“. Во 1994 година друштвото се осамостојува со трансформација и регистрирање како Акционерско друштво за осигурување „Вардар“, Скопје. Во ноември 2007 година, Акционерското друштво за осигурување „Вардар“ Скопје, по откупот на 70,36% од акционерскиот капитал, стана дел од Групацијата „Триглав“. Од септември 2011 година, по ребрендирањето на компанијата, таа е присутна на пазарот под името „Триглав Осигурување“ АД, во сопственост на „Триглав ИНТ“.

 

Во „Триглав Осигурување“ посветено работиме на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите внатре во компанијата, како и со клиентите и деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера  се во рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење. „Триглав Осигурување“ Скопје е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применуваме корпоративните стандарди и вредности на Групацијата на која што припаѓаме, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет.

 

Триглав Осигурување е лидер во исплата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста којашто ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата. Тоа го препознаваат клиентите и го докажуваат истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав“ како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост.

Медал за квалитет

Во рамките на независното истражување на пазарот, QUDAL – Quality meDAL на швајцарската организација и меѓународносто здружение за сертификати, ICERTIAS, македонската јавност го оцени „Триглав“ како осигурителна компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар,  што е огромна сатисфакција за вложените напори, потврда за исправноста на зацртаната стратегија, но и голем поттик да работиме уште повеќе на подобрување на севкупниот перформанс на компанијата.