За вашите најмлади

Покритие од незгода за деца помлади од 14 години.

Погрижете се за вашите најмали. Обезбедете соодветно осигурување за покритие на последици од незгода, коишто можат да им се случат дома или во странство, во слободно време, на училиште, или за време на други активности, без разлика на нивната здравствена состојба.

Во случај на незгода прво погрижете се за своето дете. Доколку имате потреба од каква било помош, повикајте нѐ на 02 51 02 222 или на 0800 02222.

Во случај на незгода се исплаќа  надомест, согласно табелата на инвалидитет за одредување на трајна загуба на општата работоспособност поради несреќен случај, која е составен дел од условите за осигурување. Висината на надомест зависи од типот на незгодата. 

Надоместоците се исплаќаат во рок од 14 дена  по доставена и комплетирана медицинска документација, каде јасно е утврдена повредата или дијагнозата.