Opozorilo

Opozorilo

Najdena je bila neveljavna konfiguracija. Obrnite se na skrbnika.

 
информации за акционери

Акционери

29. 01. 2024
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Одборот на директори на Триглав Осигурување свикува 62-ра седница на Собрание на акционери.
14. 06. 2023
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Врз основа на член 41 од Статутот и донесената Одлука на 200-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.
26. 04. 2023
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Врз основа на член 40 од Статутот и донесената Одлука на 198-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.
23. 01. 2023
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Врз основа на член 41 од Статутот и донесената Одлука на 196-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.
22. 04. 2022
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Врз основа на член 40 од Статутот и донесената Одлука на 187-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.
19. 10. 2021
ПОВИК НА АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА 57 -ТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ
Врз основа на член 41 од Статутот и донесената Одлука на 179-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.
27. 04. 2021
ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО
Врз основа на член 40 од Статутот и донесената Одлука на 176-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.

Информации за акционери

ГЛАСАЊЕ СО КОРЕСПОДЕНЦИЈА

Акционерот може да гласа со кореспонденција со пополнување на Образецот за гласање со кореспонденција.

Пред да се овозможи на акционерите да гласаат со кореспонденција, акционерите го потврдуваат својот личен идентитет приложувајќи документи за лична идентификација во оригинал или во препис од оригинал по избор на акционерите и без обврска за акционерите да го заверат кај нотар или да биде потврден од домашен или странски надлежен орган.

Пополнетиот образец за гласање со кореспонденција акционерот го доставува во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

Акционерот кој гласал со кореспонденција може лично да присуствува на седницата на собранието, но доколку акционерот сака лично да гласа на самата седница мора писмено да го отповика гласањето со кореспонденција најдоцна пред одржувањето на седницата со доставување на писмено известување.

Акционерот гласа „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАН“ за секоја одлука што е предмет на гласање на Собранието.

Адреса на која се доставуваат обрасците:

Триглав Осигурување АД, Скопје

Бул. 8-ми Септември бр.16

1000 Скопје

Служба за правни и корпоративни работи

Со назнака „Собрание на акционери“


 


ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ГЛАСАЧКИТЕ ПРАВА

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Вкупниот број на акции на Друштвото е 60 184.

Вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас е 60 184.


ОБРАЗЕЦ НА ПОЛНОМОШНО

Акционер може да овласти со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седница на собрание на друштво, коешто ќе учествува и ќе гласа на седницата на собранието во негово име.

Полномошникот ги ужива истите права, како и акционерот од кого е овластен со полномошното, вклучително да се јави за збор, да води дискусија и да поставува прашања на седницата на собранието на друштвото.


ПРЕДЛАГАЊЕ НА ОДЛУКИ ПО СЕКОЈА ОД ТОЧКИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

Акционерите имаат право да предлагаат одлуки по секоја од точките вклучени на дневниот ред на седницата на собранието.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право по писмен пат да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на седницата на Собранието на друштвото.

Предлагањето на одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седница на Собранието на Друштвото.


ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

Собранието на акционери може да одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневниот ред.

Вклучувањето на нови точки во дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер има право во било кое време да поднесува иницијатива за вклучување точки во дневниот ред.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието се испраќа до Одборот на директори на друштвото во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седница на собранието на друштвото.


ПРАВО НА ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја точка од дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото.

Доколку прашањето биде поставено во писмена форма, акционерот доставува и доказ за неговиот личен идентитет, преку кој Друштвото може да го потврди личниот идентитет на акционерот кој поставува прашање.

Доколку прашањето биде поставено по електронски пат, потврдувањето на личниот идентитет на акционерот се врши со електорнски потпис. Доставувањето на прашања по електронски пат се врши на следната електронска адреса: osig@triglav.mk.

За инвеститори

Профилот на Триглав Осигурување Ад, Скопје на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје е достапен овде.

Контакт за инвеститори
Иво Прличков
02 5102 262