Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Што значи осигурување со и без истек на осигурување?

5. 8. 2016

 

ОСИГУРУВАЊЕ СО ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕ

Полисата за осигурување со одреден истек на осигурување ги дефинира почетокот и крајот на осигурителното покритие. Кај овие полиси точно се знае истекот на осигурителното покритие и тие најчесто траат една година. Може да се склучат полиси и за осигурување за период пократок од една година (краткорочно осигурување) или подолг од една година (долгорочно осигурување). Ако осигурувањето е склучено на рок подолг од пет години, секоја страна може по истекот на петтата година  со отказен рок од шест месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот.

 

ОСИГУРУВАЊЕ БЕЗ ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕ

Кај овој вид на полиси за осигурување дефиниран е само почетокот, но не и крајот на осигурителното покритие. Полисата важи се додека една од договорните страни не го прекине осигурувањето. Полисата односно осигурувањето може да се прекине со денот на доспеаност на премијата известувајќи ја писмено другата страна најдоцна три месеци пред доспеаноста на премијата.

 

 

Се поврзува со:
Share on Google+