Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

МОЈ МИЛЕНИК

 

Вашето куче сака да си игра, да се гали, да спие во вашиот кревет, да Ве пречека кога си доаѓате дома. Вашето куче е на сите Ваши фотографии, на сите заеднички патувања, во сите авантури. Ова се само неколку знаци колку Вие и Вашето куче се сакате. И тоа е Ваша работа. Да се грижиме, тоа е наша работа.

 

Затоа го креиравме промотивниот осигурителен пакет #МојМиленик. Тој го штити Вашиот миленик, а MyKi уредот за следење на кучето, што го добивате бесплатно во рамки на пакетот, обезбедува подобра сигурност.

 

ШТО ПОКРИВА ПАКЕТОТ МОЈ МИЛЕНИК?

Покритието на пакетот ги вклучува следните ризици и обезбедува:

  • осигурување во случај на смрт од несреќен случај, со покритие до 30 000 денари, без франшиза и без карeнца;
  • осигурување во случај на смрт од болест, со покритие до 30 000 денари, без франшиза со карeнца од 14 дена од денот на склучување на осигурувањето;
  • трошоци за лекување, со покритие до 6 000 денари годишно, без франшиза, со каренца од само 14 дена од денот на склучување на осигурувањето.

 

Премијата за пакетот Мој миленик  изнесува 6 000 денари годишно, а договорот за осигурување се склучува на две години.

 

Осигурувањето важи на територија на Република Северна Македонија.

 

КОЈ И КАКО МОЖЕ ДА ГО КОРИСТИ ПАКЕТОТ?

Овој пакет можат да го користат оние сопственици, чии домашни миленици се:

  • чипирани;
  • на возраст од 5 месеци до 9 години;
  • вакцинирани од заразни болести (кучешка чума, вирусен ентеритис – парвовироза, хепатитис и лептоспироза).

Се што треба да направите е до најблиското продажно место да доставите:

  • пополнет прашалник за осигурување на животни;
  • податоци за чипирањето на кучето;
  • изјава од матичниот ветеринар дека кучето, пред да влезе во осигурување, е во добра здравствена состојба и дека нема хронични заболувања.

 

До посебните услови за осигурување на кучиња може да пристапите овде.

 

КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ЛЕКУВАТЕ ВАШИОТ МИЛЕНИК?

Вашиот миленик во Скопје можете да го лекувате во некоја од партнерските ветеринарни станици на Триглав Осигурување :

 

Во другите делови од земјата можете да користите ветеринарна станица по Ваш избор.

 

ПОВОЛНОСТИ

  • Секое осигурено куче добива бесплатен MyKi уред за следење;
  • Возможно е плаќање на рати;
  • Доколку полисата се плати еднократно, во рок од 15 дена, следува попуст од 10%.

 

Понудата е промотивна, со траење до 31-ти март, 2021 година.

 

СИГУРНОСТ СО MyKi уредот за следење

Со помош на MyKi Spot апликацијата (за Android и за iOS), преку Вашиот мобилен уред можете да се поврзете со GPS/GSM уредот MyKi, 40-грамски тракер, којшто Ви овозможува во секое време да знаете каде се наоѓа Вашиот миленик. Апликацијата и уредот нудат можност за одредување на безбедна зона на движење на кучето и сигнализирање во случај кога кучето ќе ја напушти таа зона.

 

MyKi уредот овозможува и праќање команди кон миленичето, што секако го олеснува процесот на дресирање и праќање сигнал до миленикот и во случај кога е оддалечен од вас, а во вечерните прошетки имате можност за вклучување на светлосни ефекти.

 

MyKi Pet телекомуникациската услуга (SIM картичка со вклучен интернет) ги овозможува операторот А1 Македонија. Услугите на операторот подлежат на Општите услови за користење.

 

Пакетот обезбедува интернет во износ од 1024 MB месечно. Доколку се надмине оваа граница пред истекот на месецот, услугата е недостапна до почетокот на следниот месец.

 

MyKi Pet услугата  се активира во рок од 24 часа од склучување на договорот за осигурување на миленикот.

 

Повеќе информации за MyKi уредот на веб-адресата www.mykifamily.com

 

Во случај на потреба од техничка поддршка за MyKi уредот , обратете се на телефонскиот број 077 1234, или пратете е-маил на kontakt@a1.mk.

 

Доколку вашиот миленик веќе сте го обезбедиле со уред за следење и немате потреба од друг, пакетот мој миленик, под истите услови можете да го добиете за 5 000 денари годишно.

 

За повеќе информации во поглед на осигурувањето, обратете се на magdalena.blazevska@triglav.mk илиzdravko.trpkovski@triglav.mk,  или пак јавете се на телефонските броеви 02 51 02 232 или 076 490 646.