Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Комбинирано осигурување на домаќинства

Домот е нашата животна инвестиција. За да го создадеме, потребни се средства, време и енергија, а сето тоа може да исчезне во само еден миг. Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот.

Инвестирањето во домот е значаен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака, туку продолжува со обезбедување спокојност и сигурност во домот.

Триглав Осигурување Ви нуди осигурување на домот, и инвестира заедно со Вас во Вашата безбедност и сигурност.

Комбинираното осигурувањето на домаќинства претставува пакет осигурување на домот, коешто вклучува:
 


Со осигурувањето на дом во Триглав се заштитувате од следните основни ризици:
 

  • Пожар;
  • Удар од гром;
  • Експлозија;
  • Луња;
  • Град;
  • Манифестации и демонстрации;
  • Излевање на вода од инсталации;
  • Провална кражба и разбојништво;
  • Трошоци за нужно сместување во случај на тотална штета
  • Лизгање и одронување на земјиште;
  • Снежни лавини.

 

Дополнителни ризици за коишто треба посебно осигурување се следните:
 

  • Кршење стакло на прозори и врати;
  • Земјотрес;
  • Поплава и порој;
  • Одговорност кон трети лица.

 

6 ПРИЧИНИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ДОМ


1.    Одлични осигурителни покритија по поволна цена;
2.    Брзо и ефикасно решавање на штети;
3.    Осигурувањето во пакет е поисплатливо од склучувањето поединечни осигурувања;
4.    Помала можност за погрешна одлука при склучување на осигурување – целосно осигурување на имот во пакет;
5.    Прегледност на склучените осигурувања – една осигурителна полиса и услови;
6.    Попуст при плаќање во рок.

Деталниот преглед на условите под коишто ќе се осигурите можете да го видите во Општи Услови за комбинирано осигурување на домаќинства .