Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Поединечни видови на осигурувања

Со избор на соодветно осигурување, во случај на незгода ќе ја зачувате вредноста на вашиот имот и ќе обезбедите посигурна иднина. 

Одберете некое од осигурувањата, коишто овозможуваат да ја заштитите вашата куќа, стан и покуќнина од ризици како што се пожар, гром, излевање на вода од инсталации, експлозија, луња, град и други опасности, коишто секојдневно нѐ загрозуваат.

Сите подолу наведени осигурувања можете да ги склучите одделно. Ви препорачуваме да одберете комбинирано осигурување на дом (куќа/стан и покуќнина), бидејќи на тој начин обезбедувате осигурување од штета на Вашиот дом, но и пониска осигурителна премија споредено со склучување на поединечни осигурувања.

 

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОЖАР   

ОСИГУРУВАЊЕ НА ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ – СТАН/КУЌА

Со осигурувањето од пожар можете да ги осигурите сите видови градби, како и сите нивни делови, вклучувајќи ги темелите и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации и останатата вградена механичка опрема (централно греење со цистерна за гориво, грејачи, климатски направи, хидрофори, лифтови и слично). Покрај недвижниот имот можете да го осигурите и имотот што се наоѓа во објектот и е сопственост на осигуреникот (лични предмети и покуќнина).

Детален опис на осигурувањето од пожар можете да  погледнете тука.
 

ОСИГУРУВАЊЕ НА СТВАРИ - ПОКУЌНИНА

Немаме секогаш точна информација колку работи имаме во домот и колкава е нивната вредност: опрема, предмети за лично користење, готовина, скапоцености, уметнички предмети, документи и други лични и семејни предмети. Осигурете ја нивната реална вредност.

Детален опис на осигурувањето на ствари-покуќнина можете да погледнете тука.

 

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС

Со доплата на премијата за осигурување од пожар можете да се заштитите и од ризикот земјотрес.

Предмет на осигурување од земјотрес се градежните објекти и движниот имот. Триглав Осигурување го покрива уништувањето или оштетувањето на осигурените предмети како последица од земјотрес.
 

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО

Осигурувањето од провална кражба ја покрива штетата нанесена на осигурените предмети коишто биле украдени, уништени или оштетени при провална кражба, односно обидите за истата. Осигурувањето ја покрива и штетата нанесена на градежните објекти коишто настанале при провална кражба и разбојништво.
Детален опис на осигурувањето од провална кражба и разбојништво погледнете тука.
 

ОСИГУРУВАЊЕ НА СТАКЛА

Со осигурување на стакла се покрива штетата, настаната поради пукнатина или кршење на стаклото, како и трошоците за нивна повторна монтажа.

Детален опис на осигурувањето на стакла погледнете тука.