Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на објекти во градба и монтажа

Најзначаен вид осигурување на објекти е осигурувањето за време на градба, доградувањето или адаптацијата, односно осигурување на објекти во градба и монтажа, бидејќи ги покрива сите основни опасности коишто го загрозуваат објектот за време на градењето.
Градежното осигурување, покрај опасностите од градежна незгода, ги покрива и сите основни опасности од пожарното осигурување, опасност од лед, мраз, снег, дожд, излевање на вода, снежна лавина, лизгање на земјиште, како и провална кражба и неспретност и небрежност на работниците. Со ова осигурување, покрај самиот објект, се покриваат и сите опасности со коишто за време на монтажа може да се загрозат изведувачите, односно работниците.

Дополнително може да се осигурите и од опасности како што се поплава, високи води, подземни води, одрон на земјиште и одговорност на изведувачот  за штета предизвикана кон трети лица. Со ова осигурување може да се  опфати и определен временски период по завршување на изведбата, или гаранцискиот период.

Што осигуруваме?

  • објекти во изградба;
  • градежен и инсталациски материјал, наменет за вградување;
  • делови на објектот;
  • електромашинска опрема наменета за изградба на осигурениот објект.
Подетални информации може да најдете во Посебни Услови  за осигурување на градежни објекти и опрема на договорена вредност.