Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од земјотрес

Осигурувањето од земјотрес ви нуди материјална сигурност за штета којашто може да ја предизвика земјотрес.

Земјотресот како ризик секогаш е дополнителна опција на веќе постоечките пакети за осигурување на домот, кои што ги нуди Триглав Осигурување:

  • осигурување од пожар и други опасности (основни ризици), и
  • комбинирано осигурување на домаќинства.

 

Преку склучување на договор за пожарно осигурување, или пак комбинирано осигурување на домот, осигуреникот може со доплата на основната премија за дадениот пакет дополнително да го осигури предметот на осигурување од ризик земјотрес.

 

Доколку клиентот склучи, или пак веќе има полиса за осигурување од пожар и други опасности,  осигурителната полиса ги покрива  следниве ризици во рамките на пакетот: пожар, луња, град, удар на гром, излевање на вода од инсталации, манифестации и демонстрации, експлозија (освен нуклеарна ), удар од сопствено моторно возило и паѓање на воздушни летала. Со доплата на основната премија клиентот може да го вклучи и ризикот земјотрес.

Доколку клиентот склучи, или веќе има полиса за комбинирано осигурување на домот, полисата ги покрива истите ризици како и осигурувањето од пожар и други опасности, а дополнително вклучува и осигурување на стварите во домот, како и покривање на ризикот провална кражба и разбојништво. Исто како и кај пожарното осигурување, со доплата на премијата може да се склучи и осигурување од ризикот земјотрес.

 

ШТО ПОКРИВА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ ?

Без оглед на избраниот пакет (пожарно осигурување, или комбинирано осигурување на домот), штетите настанати поради земјотрес се надоместуваат под исти услови. Осигурувањето од земјотрес покрива уништување или оштетување на осигурени предмети, кое што настанало непосредно поради земјотрес, или е во причинско-последична врска со земјотресот. Клиентот може да избере да склучи осигурување од овој ризик со франшиза, што подразбира процентуално учество на осигуреникот во штетата. Тоа значи дека доколку клиентот се одлучи за вакво покритие, премијата што ја плаќа има пониска вредност, но во секоја штета учествува со одреден процент.

 

ОД ШТО ЗАВИСИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ?

Цената за дополнителниот ризик земјотрес зависи првенствено од трусната зона во која се наоѓа објектот, а Триглав Осигурување ги покрива штетите без какви било ограничувања во поглед на јачината на земјотресот. Подрачјето на Македонија е поделено на 3 трусни зони:

  1. Прилеп
  2. Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Битола, Велес
  3. Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Куманово, Скопје, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Делчево, Виница, Штип, Радовиш, Берово, Неготино, Кавадарци, Струмица, Валандово

 

Дополнително, цената зависи и од годината кога е објектот изграден, т.е. за објекти изградени до 1964 година цените се повисоки отколку за објектите изградени по 1964 година.

 

Како да се заштитиме пред земјотрес?

Искуствата покажуваат дека во развиениот свет, големите земјотреси предизвикуваат пред сè голема материјална и економска штета. Штетата од евентуални земјотреси може да се намали со употреба на соодветно пропишана градба и со склучување на осигурување од земјотрес.

Осигурување од земјотрес, како дополнително осигурување, може да се склучи со некое од следниве основни осигурувања:  
 

  • осигурување од пожар;
  • осигурување на компјутери; 
  • осигурување на објекти во градба/монтажа.