Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување од незгода за спортисти

Осигурувањето за спортисти-аматери е наменето за лица кои аматерски се занимаваат со спорт и кои се регистрирани членови на спортски друштва.

Ова осигурување може да го склучи правно или физичко лице. Осигурувањето може да биде индивидуално или групно, при што премијата за едно лице во двата слуачи е иста.   

Постојат повеќе видови осигурување за спортисти-аматери:   
 

  • Осигурување од незгода за спортисти по професија – професионалци;
  • Осигурување од незгода за членови на спортски организации – аматери;
  • Осигурување на учесници во спортски натпревари и трки;
  • Осигурување на трошоци за лекување и за странски учесници на спортски натпревари;
  • Осигурување на учесници на масовен рекреативен настан.  


Исплатата на дневниот надомест кај спортистите аматери е поврзана со времетраењето на неспособноста за извршување на нивните редовни работни обврски, не со неспособноста за спортски активности.   

Врвните и професионалните спортисти се осигуруваат по посебни премиски групи. Исплатата на дневниот надомест трае сѐ додека спортистот не е во состојба да ги извршува своите редовните работни обврски – тренинзи и натпреварувања.

Спортистите аматери, како и професионалните спортисти можат да се осигурат од следниве ризици:
 

  • губење на живот поради незгода;
  • инвалидитет како последица на незгода;
  • привремена неспособност за редовни работни обврски;
  • сместување во болница како надомест за болнички ден;   
  • трошоци за лекување.  


Во случај на незгода, осигуреното лице има право на надомест на договорената осигурителна сума на полисата и тоа при:
 

  • смрт на осигуреникот поради незгода: осигурителната компанија му ја исплаќа на корисникот договорената осигурена сума во случај на смрт од незгода;
  • инвалидитет како последица од незгода: дел од осигурената сума се исплаќа согласно утврдениот инвалидитет, според табелата за инвалидитет која е составен дел од општите услови; при тотален инвалидитет се исплаќа сета осигурена сума;
  • дневен надомест: дневниот надомест се исплаќа во периодот кога осигуреното лице не е способно за извршување на својата редовна работа, но најмногу во времетраење од 200 дена;
  • надомест за болнички ден: надоместот за болнички ден се исплаќа за секое преноќување на осигуреникот во болница, заради лекување на последици од незгода, но најмногу до 365 дена во период од две години од денот на незгодата;  
  • трошоци за лекување: осигурителната компанија врши поврат на средства за лекување, коишто осигуреникот ги имал како резултат на незгода и за коишто ќе докаже дека морал да ги плати лично (партиципација, трошок за ортопедски помагала, трошоци за оперативни зафати и друго) и тоа до износ договорен при склучување на осигурувањето;  


Услови за осигурување:

За спортисти-аматери важат:   
 

За врвни спортисти и професионалнци важат: