Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Осигурување на воздушни летала

Летањето може да биде непредвидливо. Погрижете се за каско осигурување на Вашето воздушно летало и за соодветно осигурување од одговорност на сопственикот или управувачот на леталото кон трети лица.
Со каско осигурувањето може да се осигурат воздушните летала, кои се поделени на неколку категории:
  • авиони;
  • хидроавиони;
  • едрилици;
  • хеликоптери.
Со ова осигурување ги осигурувате воздушните летала од целосна или делумна штета, што настанала од еден независен случај.

Осигурувањето на воздушните летала ги опфаќа:
  • трупот на леталата;
  • мотори со стандардни инструменти;
  • опрема.