Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Известување за зделка со заинтересирана страна

14. 7. 2020

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:


Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 168-та седница одржана на ден 24.06.2020 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за изнајмување на компоненти на информацискиот систем на Заваровалница Триглав д.д. на друштвото Триглав Осигурување АД, Скопје број 0202-5831, врз основа на која е склучен Договор помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д.


Целта на склучување на договорот е овозможување на редовно функционирање на информацискиот систем, за овозможување на континуитет во работењето и за обезбедување на нивото на информациска безбедност. За користењето на предметните услуги ќе се исплаќа месечен надоместок во висина од 6079,42 евра, без вклучен ДДВ.


Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д, произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.

Се поврзува со:
Share on Google+