Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Билансната добивка за 2019 година останува нераспределена

3. 6. 2020

На денешното 45-то годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на Управниот и Надзорниот одбор, дека билансната добивка за 2019 – та година останува нераспределена. Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав притоа изјави: »На Акционерите им се заблагодарувам за искажаната доверба. При одлучувањето за користењето на билансната добивка за 2019-та година се земаа во предвид повикот од страна на регулаторот и аспектот за одржување на финансиската стабилност на Групацијата Триглав во тековната неизвесна состојба. Билансната добивка за 2019 -та година со тоа останува нераспределена и ќе биде наменета за идните дивиденди на акционерите, или за други цели во согласност со резолуцијата на годишното собрание на акционери.«

 

Акционерите беа запознати со годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2019-та година и со политиката за надомест на членовите на органите за управување и надзор. На членовите на управниот и надзорниот орган им беше одобрено работењето и водењето на работењето за 2019-та година. Годишното собрание на акционери повторно го назначи Игор Стебернак за член на надзорниот одбор како претставник на акционерите и се запозна со назначувањето на нови членови на надзорниот одбор – претставници на вработените.

 

 

Се поврзува со:
Share on Google+