Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Повторно потврдена висока бонитетна оцена »A« со стабилна среднорочна прогноза

10. 9. 2018

S&P го оцени Триглав како капитално силна групација со стабилно профитабилно работење

 

Бонитетната агенција S&P Global Ratings (во продолжение S&P) на 7.9.2018 г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво, Заваровалница Триглав и на компанијата ќерка Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оцена и бонитетната оцена на финансиска моќ со »A«. Бонитетните оцени имаат стабилна среднорочна прогноза. Според изјавите на S&P, потврдата на високата оцена е одраз на водечката положба на Групацијата Триглав на словенечкиот растечки пазар и во регионот, нејзиното стабилно и добро работење во последните години, како и цврстата капитална адекватност, којашто се темели на добро управување со ризиците.

Профилот на деловниот ризик се оценува како солиден

S&P го оценува профилот на деловните ризици на Групацијата Триглав како солиден. Оцената се темели на нејзината водечка позиција во Словенија и во регионот, профитабилната и разновидна понуда на осигурителни услуги, добро развиената продажна мрежа и моќниот бренд. Како важни аспекти се наведуваат стратешкиот фокус на Групацијата на клиентите, нејзиното водечко место во иновативни осигурителни решенија во регионот и користењето на алтернативни продажни канали, како што е онлајн продажбата.

Профилот на финансиски ризици оценет како солиден

S&P наведува дека капиталната адекватност на Групацијата ги исполнува критериумите на рејтингот »AAA«, а дополнително е потврдена и со количникот на капиталната адекватност согласно Солвентност II, во висина од 222%, на крајот на 2017 година. Профитабилното работење, доста конзервативната и стабилна реосигурителна заштита и претпазливото управување со резервациите обезбедуваат финансиска стабилност на Групацијата. Триглав има добро дисперзирана инвестициска структура, главно фокусирана на инвестиции во еврозоната. Според мислењето на S&P, значајна предност на Триглав воедно е неговата исклучителна ликвидност. Основана е на редовни приходи од премии и ликвидни финансиски средства, што на Триглав му овозможува управување со неочекувано големи штети. S&P наведува дека искусниот менаџмент успешно ја прилагодува работата на Групацијата на променливите услови на пазарот и на средината, а притоа се фокусира не само на  двете главни дејности на Групацијата (осигурување и управување со имот), туку и на имплементација на планираната стратегија.

 

Бонитетната оцена »A« го рефлектира самостојниот кредитен профил на Групацијата и не вклучува какво било влијание од поврзаноста на Групацијата со државата.

 

Стабилната среднорочна прогноза на бонитетната оцена ги одразува очекувањата на S&P, дека Групацијата Триглав и понатаму успешно ќе ја спроведува деловната стратегија, со акцент на профитабилност, раст и зачувување на високата капитална адекватност во следните две години.

Се поврзува со:
Share on Google+