Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Триглав Осигурување ја поддржа младинската лига на Кошаркарската федерација на РСМ

13. 2. 2020

 

Како долгогодишен поддржувач на националниот спорт, Триглав Осигурување ја обнови соработката со македонската кошаркарска федерација  (КФСМ) и овој пат обезбеди поддршка за младинската кошаркарска лига. Согласно стратегијата за корпоративна друштвена одговорност на групацијата Триглав, компанијата е посветена на поддршката и развојот на спортот и е спонзор на голем број спортски проекти.
 

Имајќи го предвид влијанието на корпоративната општествена одговорност врз спортот, од особена важност за Триглав претставува можноста за соработка и посветеноста на Кошаркарската федерација кон развојот на спортот во земјата. Токму затоа компанијата одлучи својата поддршка да ја намени за помош на младинската кошаркарска лига. Таа има стратешко значење, како поради својата цел да ги развива идните квалитетни првотимци и репрезентативци во кошарката, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај младите.
 

Триглав е компанија којашто секогаш се стреми да обезбеди висок квалитет, сигурна иднина и позитивно искуство за своите клиенти. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува. Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт и што тоа значи за  неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска привилегија е да бидеме дел од активностите на младинската кошаркарска лига, затоа што токму тука се градат вистинските навики, се создава квалитетот, тука лежи иднината на кошарката и спортот воопшто. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон што подобри услови за работа на клубовите и постигнување на што подобри резултати”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.
 

Најдовме партнер кој ги препозна заедничките интереси. Сега започнуваме со планираниот проект во младинската лига, со надеж и со желба дека соработката ќе биде проширена и во други сфери, и дека со оваа ценета компанија ќе останеме долгогодишни партнери“ – потенцира генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.
 

Спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски истакна - „Почнуваме од најважниот сегмент на општественото живеење – младите. Во овој случај со клубовите во младинските категории на натпреварување. Како општествено одговорни чувствувавме потреба за реализација на еден заеднички проект со Триглав Осигурување. Замисла со која сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето. Да се залагаме за она што се вели здрава младина и едно поздраво, поубаво општество. Ова е само првиот чекор во реализација на плановите на нашата федерација“.
 

Кошаркарската федерација на РСМ и Триглав Осигурување ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности и на унапредување и развој на спортот во земјата.

 

Се поврзува со:
Share on Google+