За поголема безбедност во странство

Осигурување за туристички и службени патувања, или за престој во странство заради студирање или работа.

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се - земете добро здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како  последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

Проверете кои ризици се покриени со здравствено патничкото осигурување и која опција повеќе ви одговара. Во зависност од тоа каде, колку долго и со кого патувате, изберете пакет со најдобра гаранција за безбедно патување.

Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.

Осигурувањето важи насекаде во светот, освен на територијата на Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.

Микро дом

Осигурете го домот додека сте на патување во странство.

Заштитете го домот од големи штетни настани, кои што можат да се случат поради пожар или кражба. Микро дом можете да склучите онлајн, во рамки на индивидуална или семејна полиса за здравствено-патничко осигурување. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека сте на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

Цената за микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари.

Обезбедете здравствено-патничко осигурување со вклучено микро осигурување на дом и бидете спокојни додека патувате.


Склучете онлајн

Дополнителни информации, поврзани со Ковид - 19

Полисата за здравствено патничко осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19.

Дополнително, со секоја склучена полиса за здравствено патничко осигурување во Триглав добивате и ПЦР тест или брз антиген тест по поволна цена во Аџибадем Систина:

  • ПЦР тест – 950мкд
  • Брз антиген тест – 900мкд

Тестирањето можете да го направите во рок од 7 дена од датумот на издавањето на полисата за здравствено патничко осигурување. За да го добиете попустот, единствено треба да ја приложите полисата при тестирањето, а резултатот го добивате истиот ден.

Повеќе детали за ограничувањата можете да најдете во Условите за здравствено – патничко осигурување.

Осигурителни пакети

Висина на осигурително покритие
Трошоци за лекување од незгода и болест
15 000 ЕУР
30 000 ЕУР
Трошоци за превоз
3.600 €
7.200 €
Надомест на телефонски трошоци
1.500 MKD
1.500 MKD
Доцнење на багаж во рок од 20 часа
200 €
200 €
Кражба на лични ствари-багаж
200 €
200 €
Кражба на техничка стока-багаж
500 €
500 €
Итни стоматолошки интервенции
150 €
150 €

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Внимавајте

При избор на годишно здравствено патничко осигурување внимавајте при изборот, бидејќи ви нудиме две различни осигурувања:

  • Со повеќе влезови во странски земји, при што секое патување трае помалку од 90 дена и
  • Поединечно патување во странство, коешто е во времетраење од вкупно 90 дена

Информативна пресметка и онлајн здравствено осигурување можете да добиете овде.

За поинаква комбинација на осигурително покритие и дополнителни прашања можете да се обратите на кое било продажно место на Триглав Осигурување или на телефонските броеви 02 51 02 222 и 0800 02222.


Асистенција

Во странство

Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102 или факс на бројот +381 11 411 99 99 како и на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu


При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:

  • Лични податоци,
  • Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),
  • Опис на здравствениот проблем,
  • Ваша моментална контакт адреса и телефон.

 

Нашите партнери ќе Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција

ЈАВЕТЕ СЕ НА

+381 11 41 44 102

Пријава на штета