АВТОМОБИЛСКИ ОСИГУРУВАЊА

Одлучете се за најдобрите осигурувања и бидете безбедни од финансиски загуби во случај на сообраќана незгода

Со осигурувањето ќе бидете безбедни од финансиска загуба. Доколку во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети во сопственост на трети лица (на пример возило, куќа, ограда и слично) односно предизвикате телесни повреди или смрт на други учесници, компанијата на оштетените ќе им ја надомести настанатата материјална и нематеријална штета.

Меѓутоа, од претпазливост никогаш доволно. Осигурувањето од автомобилска одговорност покрива само штети кои се предизвикани на другите учесници во сообраќајната незгода, затоа ви препорачуваме да склучите и осигурување на возачот предизвикувач на незгодата во случај на телесни повреди или смрт.

Како дополнително осигурување од Автомобилска одговорност е и делумното каско осигурување на стакла, кое без разлика кој е причинител на штета, компанијата врши надомест на оштетено или скршено стакло на вашето возило.

Грижете се за себе и за вашите сопатници како и за вашето возило. При изборот за автомобилско осигурување размислете колку често го употребувате вашето возило, колку често патувате во странство, со кого патувате, дали често носите багаж, кој друг го вози вашето возило и други околности што влијаат на вашата безбедност, безбедноста на патниците и возилата.

Откако ќе одговорите на сите горенаведени прашања, одлучете за вистинскиот избор на осигурување. Вашата најдобра одлука ќе биде ако го изберете вистинскиот пакет за осигурување, бидејќи тоа ќе ве заштеди најмногу при плаќање на премијата.

Не заборавајте ја автомобилската асистенција – повикајте не секогаш кога ви е потребна помош, дома или во странство, доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 16 206, или пак на претплатничкиот број 02 511 62 06*, Во случај на штетен настан во странство јавете се на телефонски број +389 2511 62 06**

Достапни сме 24 часа на ден.

 


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

5 причини зошто Триглав

1 24-часовна помош, информации дома и во странство.
2 Попуст во рамки на Триглав комплетите
3 Брзо решавање на штети
4 Поволности за лојални клиенти
5 Целосно осигурување за вашето возило