Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.
Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа.
Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист. Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија.
Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за психијатриски услуги.
Овој производ е наменет за индивидуални и семејни корисници, кои сакаат да склучат договор за доброволно приватно здравствено осигурување.
Осигурувањето од малигни заболувања можете да го добиете како дополнително покритие во рамките осигурувањето на операции, а износот на доплатокот зависи од видот на осигурување и тоа:
- Кај семејно осигурување доплатокот изнесува 20% од основното осигурување на операции, по осигурено лице.
- Кај индивидуално осигурување доплатокот изнесува 30% од основното осигурување на операции.
Доколку сте веќе корисник на нашиот пакет за врвна здравствена нега, информирајте се кај вашиот агент за можноста да го вклучите и ова покритие.
Здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба. Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.
Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.
Приемот во осигурување се прави со достава на прашалник и историја на пациент од матичен лекар на осигурениците.
При склучување на полиса за осигурување во првата година е предвидена каренца, т.е. период во кој осигуреникот нема право на надомест на штета за состојби кои ќе настанат или за кои е започнато лекувањето во тој период од два месеци за ризикот операции и три месеци за ризикот тешки болести.
Франшиза се применува само кај осигурувањето на операции, за состојби, коишто се јавуваат како последица на заболувања од горни дишни патишта. Франшизата е задолжителна и изнесува 30% од трошоците за оперативниот зафат.
E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:
- •0800 02222
- •389 2 51 02222