Ништо не е поважно од нашето здравје

Со склучување на осигурување на операции се грижите за сопствената и иднината на вашите најблиски.

Животот е полн со изненадувања кои некогаш не се толку пријатни. Но едно е сигурно, никогаш не знаеме кога ќе ни треба операција. Затоа е добро да знаеме дека имаме обезбедена подршка и помош во најстресните моменти во животот.  Обезбедете си осигурувањето на операции, кое што е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување

За осигурувањето

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРИ
ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
ГОДИШНА ПРЕМИЈА
ПОПУСТИ И ПОВОЛНОСТИ
КОНТАКТ И ПАРТНЕРИ


  • Секој, кој има статус на осигуреник во системот на задолжително здравствено осигурување и кој има склучено осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување,
  • Лица-странски државјани, со регулиран престој во Р. Македонија, кои не се осигурени во Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија и кои имаат склучено осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување,
  • Деца и малолетни лица можат да се осигурат на иста полиса со родителот.



Покритие Осигурена сума Територијално покритие Франшиза
Сите операции освен операциите од долунаведените области, каде се покриваат само трошоците за оперативниот зафат.
10.000 €
Република Македонија, Република Турција и Република Словенија Без Франшиза
Операции за кои на територија на Република Македонија:- не постои можност за лекување во државата, а во Република Турција и Република Словенија постои соодветна медицинскапроцедура неопходна за лекување; и- ако хируршкиот зафат го врши визитинг лекар. Во овој случај покрај трошоците за операција, за која осигуреникот има добиено претходна согласност од Осигурувачот, му следуваат и:
Трошоци за превоз до Турција или Словенија во обата правци за осигурено лице
200 € во еден правецВид на превоз:
авионски, или копнен, по избор на осигуреникот
Трошоци за превоз до Турција или Словенија во обата правци за придружба на осигуреното лице – член на семејство
200 € во еден правецВид на превоз:
авионски, или копнен, по избор на осигуреникот
Трошоци за ноќевање
до 50 € за едно ноќевање.
Максимален престој еднаков со престојот на осигуреникот во болница
Операции како последица на заболувања од горни дишни патишта 30 % франшиза

Малигните заболувања  се вклучени во осигурувањето на операции како дополнително покритие, кое клиентот треба сам да одбере да го додаде.

Покритието за осигурување на операции на малигни заболувања важи на териториите на Република Македонија, Република Турција и Република Словенија.


ГОДИШНА ПРЕМИЈА

Годишната премија зависи од возраста на осигуреникот и може да се плаќа на еднакви месечни рати - до 12.



Возраст Годишна премија за осигурување на операции во зависност од возраст
0 – 18 2.920 денари
19 – 40 4.970 денари
41 – 50 8.550 денари
51 – 60 13.690 денари
61 – 65 16.750 денари
65 и повеќе Премијата дополнително се одредува

Дополнително, во рамките на семејниот пакет осигурениците добиваат попуст, кој што зависи од бројот на осигурени членови, поточно:

  • 9% за осигурување на два члена
  • 10% за осигурување на три членови
  • 11% за осигурување на четири, или повеќе членови


Останати поволности:


  • Попуст за непријавени штети: 5% годишно, 15% максимум
  • Попуст доколку се склучи осигурување со 20% франшиза: 10%
  • Попуст доколку се избере територијално покритие само за Република Македонија: 10%


Контакт центарот Инфо-здравје ви стои на располагање од 08 до 20 часот за сите дополнителни информации и прашања, поврзани со услугите на Доброволното приватно здравствено осигурување.

 

Инфо-здравје врши закажување на прегледи, издава гаранции и посредува при комуникација со давателите на здравствени услуги со кои што Триглав Осигурување има воспоставено деловна соработка.


E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • •0800 02222
  • •389 2 51 0222


Партнери на Триглав Осигурување:

 

1. ПЗУ Аџибадем Систина

2. ПЗУ РЕ-МЕДИКА

     a. ПЗУ ПРИМА-МЕД

3. ПЗУ НЕУРОМЕДИКА

4. ПЗУ Плодност, Битола

5. ПЗУ Специјализирана болница Жан Митрев

6. ПЗУ Систина Офталмологија

7. ПЗУ Авиценалаб

8. ПЗУ Деница

9. ПЗУ ПЗУ Еуроиталија Скопје

10. ПЗУ Фармахем

11. ПЗУ Моја Болница

12. ПЗУ Оне Хоспитал, Тетово

13. ПЗУ Геталдус

14. ПЗУ Толовски

15. ПЗУ Менада

16. ПЗУ Долорес

17. ПЗУ Мегамед

18. ПЗУ МедикаС

19. ПЗУ Биотек

20. ПЗУ Др. Маја Шушлевска

21. ПЗУ Дијагностички центар, Охрид

22. ПЗУ Кардиолаб, Охрид

23. ПЗУ Ендомедика, Охрид

24. ПЗУ Офталмолошки центар, Охрид



Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе
Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете

Најчесто поставувани прашања

Во кои здравствени установи можам да се лекувам со полисата за приватно здравствено осигурување?

Можете да се лекувате во сите приватни здравствени установи кои имаат дозвола за работа, издадена од Министерството за здравство.

Во кој случај се покриени трошоци за прихијатриски услуги?

Трошоците за психијатриски услуги се покриени ако настане еден од овие 4 ризици: физичко малтретирање, силување, смрт на член на семејство (под член на семејство се смета брачен/вонбрачен партнер и деца) и дијагностицирано малигно заболување.

Дали доброволното приватно здравствено осигурување важи и надвор од границите на Република Северна Македонија?

Доброволното приватно здравствено осигурување важи и ги покрива трошоците што ќе настанат во приватните здравствени установи во рамките на територија на Република Северна Македонија. Исклучок се операциите, кога оперативниот зафат може да се изврши во Република Словенија, доколку осигуреникот сам го побара тоа.

Дали е потребно да имам упат од матичен лекар за да можам да ги користам услугите на доброволно приватно здравствено осигурување?

Не е потребно да имате упат од матичен доктор за да ги користите услугите од доброволното приватно здравствено осигурување.  Доколку се јави причина за лекување, обратете се директно во приватна здравствена установа.

Дали има рок за пријавување на штета и колкав е тој рок?

Рокот за пријавување на штета е до 90 дена од настанот. Штетата може да се пријави преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, без обврска за достава на оригинална документација, којашто треба да се прати во енкриптирана форма.

Дали малигните заболувања се покриени со полисата за доброволно приватно здравствено осигурување?

Доколку однапред се договори, малигните заболувања можат да бидат покриени со осигурувањето. Покритието се однесува на комплетна дијагностика, второ мислење, психијатриски услуги, оперативен зафат, хемо и радиотерапија, постоперативни помагала, како и пластична и реконструктивна хирургија како резултат на излекувано малигно заболување.

Дали се признаваат трошоци во јавно здравство?

Осигурувањето покрива трошоци кои ќе настанат само во приватни здравствени установи. Тоа не ги покрива трошоците на име учество со лични парични средства (партиципација) при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување.

Дали се признаваат трошоци за лекување на вродени состојби за кои осигуреникот не знел дека ги има?

Согласно Општите услови за осигурување вродените состојби се исклучени и поради тоа овие трошоци не се признаваат, без разлика дали осигуреникот знаел за нив или не.

Дали се признаваат трошоци за редовен преглед или терапија?

Осигурувањето не нуди покритие за редовни, превентивни здравствени прегледи, како и самоиницијативно следење на состојба, испитување, дијагностика и здравствена нега.


Дали се признаваат трошоци за физикална терапија?

Трошоците за физикална терапија се признаваат ако се во рамките на лекување и ако за истите има препорака од доктор специјалист од соодветна област. Трошоците се признаваат до висина на лимитот наведен на полисата за осигурување и доколку се изведат во приватна здравствена установа којашто има дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.

Дали се признати лабораториски испитувања по препорака на матичен лекар?

Лабораториски испитувања се признати само во случај ако истите се во рамките на некое лекување и се наведени во медицинскиот извештај од специјалистичкиот преглед, како дополнително испитување, со цел поставување дијагноза.

Дали се признати трошоци за лекови и кои лекови се признати?

Признати се лекови за кои што има одобрение за пуштање на лекови во промет согласно законската регулатива и кои што се регистрирани како лек во Централниот регистар на лекови во Република Северна Македонија.

Дали треба да се најавам во Инфо-здравје центарот, пред да се обратам во приватната здравствена установа?

Не е потребно да се најавите во Инфо-Здравје центарот за да користите услуги во приватната здравствена установа. Доколку се јави причина за лекување, директно јавете се во приватната здравствена установа.

Како се постапува при итен случај, дали треба најава?

Доколку се јави итен случај, осигуреникот, директно, без претходна најава во Триглав Осигурување, се обраќа во најблиската приватна здравствена установа. Доколку не е задржан на болничко лекување, осигуреникот поднесува барање за рефундирање на средства. Доколку се задржи за болничко лекување или операција, тогаш приватната здравствена установа го информира Триглав и по службен пат се доставува целата документација, со цел навремено (пред да биде пуштен од болница осигуреникот) да се испрати потврда за трошоците до ПЗУ.

Како се прави рефундација на средства и која документација е потребна?

Штетите, што се поднесуваат за рефундација, се пријавуваат целосно преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, скенирани и во енкриптирана форма. Потребно е да се испрати целокупната медицинска документација поврзана со лекувањето, пријава за штета (достапна на www.triglav.mk), доказ за извршено плаќање и копија од трансакциска сметка на осигуреникот.

Што е ИНФО-ЗДРАВЈЕ?

Инфо-здравје е асистентски центар, кој што на осигуреникот му обезбедува информации за осигурувањето и давателите на здравствени услуги, посредува при закажување на термини и врши најава кај давателите на здравствени услуги.

Асистентскиот центар е достапен е секој работен ден од 08:00-20:00 часот на телефонските броеви: +389 (2) 5102 222 и 0800 02222 или на е-маил адресата info.zdravje@triglav.mk.

Што ми покрива полисата за доброволно приватно здравствено осигурување и кога можам да ја користам?

Полисата за доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците за лекување, кои ќе настанат во рамки на покритието, кај доктор специјалист во приватните здравствени установи. Можете да ја користите полисата доколку се јави причина за лекување, односно доколку имате здравствени потешкотии, знаци на болести, или симптоми.

Погледнете ги останатите покритија