Ништо не е поважно од вашето здравје.

Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи, во случај на здравствени проблеми потребен ни е сигурен партнер.

Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.


За осигурувањето

Кој може да се осигури
Што покрива ова осигурување
Дополнително осигурување
ПОПУСТИ

Корисник на доброволното приватно здравствено осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување.

 

Децата, поточно лицата помлади од 18 години, можат да се осигурат единствено на иста полиса со родителот


ПОКРИТИЕ ОСИГУРЕНА СУМА ФРАНШИЗА
Специјалистичко вонболничко лекување:
  • специјалистички преглед
  • трошоци за домашна посета во итни медицински случаи
  • дијагностички методи, лабораториски испитувања, тестови и анализи
  • трошоци за дневна болница
  • едноставни амбулантни зафати

до 10.000 €
БЕЗ ФРАНШИЗА
Психијатриски услуги поради:
  • физичко малтретирање
  • силување
  • смрт на член на семејството
  • дијагностицирање на малигно заболување

Подлимит до 300 €
Превоз со санитетско возило
Болничко лекување
подлимит до 3.000 €
Трошоци за сместување на родителот кога дете до 14 години ќе биде задржано на болничко лекување
Второ мислење во случај на дијагностицирано малигно заболување
Цревни инфекциски болести за деца до 14 години
Лекови на розев рецепт
подлимит до 300 €
Амбулантна рехабилитација
подлимит до 300 €
Грип и акутни инфекции на горни дишни патишта 30% во секоја штета

Осигурувањето на операции е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување и со него обезбедувате помош и поддршка во најстресните моменти во животот.

Малигните заболувања се вклучени во осигурувањето на операции како дополнитено покритие, кое клиентот треба сам да одбере да го додаде.


ГОДИШНА ПРЕМИЈА

Годишната премија за ова осигурување зависи од возраста на осигуреникот и истата може да се плаќа и до 12 месечни рати.


Возраст Годишна премија за
осигурување на вонболничко и болничко лекување
0 – 18 6.820 денари
19 - 40 8.240 денари
41 – 50 10.970 денари
51 – 60 14.325 денари
61 – 65 19.055 денари
65 и повеќе Премијата дополнително се одредува

Дополнително, во рамките на семејниот пакет осигурениците добиваат попуст, кој што зависи од бројот на осигурени членови, поточно:

  • •9% за осигурување на два члена
  • •10% за осигурување на три членови
  • •11% за осигурување на четири, или повеќе членови

Останати поволности:

  • •Попуст за непријавени штети: 5% годишно, 15% максимум
  • •Попуст доколку се склучи осигурување со 20% франшиза: 10%


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

5 причини за склучување на ова осигурување

1 БЕЗБЕДНОСТ НА СЕМЕЈСТВОТО
2 ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
3 КВАЛИТЕТНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА
4 БРЗО ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДИ
5 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Колку ќе треба да одвоите
за вас и за вашите најблиски?
Пресметај

Најчесто поставувани прашања

Дали моите лични податоци се безбедни со OneID?

Да, вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID. Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на Вашите податоци до мобилните или веб апликации на правните лица чии што услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.

OneID услугата е обезбедена од Кибс АД Скопје, којшто е регистриран Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација.


Дали клиентите ќе имаат проблем при регистрација на електронски идентитет со документи за лична идентификација со валиден рок, но со старото име на државата.

Доколку документот е со валиден рок на важност, клиентите можат да регистрираат дигитален профил на OneID. Можни се проблеми при верификување на лични карти на стари обрасци, во кој случај клиентот потребно е да се обрати на KibsTrust кој е давател на оваа услуга. Контактите на KibsTrust се е-адреса: helpdesk@kibstrust.com, тел:  02 5513 444.


Што е потребно за да се креира електронски идентитет на OneID?

За издавање на Ваша електронска идентификација - OneID Ви се потребни:

  • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
  • Валидна e-mail адреса
  • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
  • Валидна лична карта или пасош

Напомена: Пред да ја започнете постапката активирајте ги опциите за биометриска идентификација на мобилниот уред (препознавање на лице и отпечаток од прст).

 Чекор 1: Инсталација на мобилната апликација OneID на Вашиот мобилен уред преку AppStore, Play Store или App Gallery, зависно од видот на Вашиот мобилен уред, или преку линкот поставен на веб страницата www.oneid.mk.

Чекор 2: Пополнување на форма за регистрирање на OneID  и давање на согласност за обработка на личните податоци. Прифаќање на условите за користење на услугата и Политиката на приватност. „Регистрирај се“.

Чекор 3: Потврдување на e-mail адресата преку внес на верификацискиот код добиен на истата.

Чекор 4: Најава со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата.

Чекор 5: Далечинска верификација на идентитетот на физичкото лице. Процесот подразбира автоматизирано утврдување на идентитетот преку фотографирање на документ за лична идентификација (лична карта или пасош), правење на профилна слика (selfie) и видео во живо. После успешната верификација на идентитетот, се преминува кон активација на OneID, генерирање и преземање на квалификуваниот сертификат.

Чекор 6: Активација на OneID и преземање на квалификуваниот дигитален сертификат.


Дали можам да извршам пријава на осигурен случај за член на семејството?

Да, можете да пријавите осигурен случај од доброволно приватно здравствено осигурување, но само за малолетно лице кое е член на вашето потесно семејство.

Според Законот за заштита на лични податоци, медицинската документација претставува посебна категорија на чувствителни лични податоци, не е овозможено полнолетно лице да пријавува осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување за друго полнолетно лице.


Како да пристапам и како да се најавам на апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав?

На апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување можете да пристапите преку линкот Триглав Осигурување (triglav.mk), се најавувате со внесување на корисничко име (e-mail) и лозинка кои сте ги креирале на OneID апликацијата за да регистрирате Ваш електронски идентитет.


Дали има разлика во начинот за пријава на осигурен случај, односно барање надомест и начинот за барање на гаранција?

Секако постои разлика. За доставување на барање за гаранција за одредена здравствена услуга, најпрво го пополнувате Образецот за барање на гаранција кој може да го најдете на линкот Барање за издавање на гаранција ДЗО - web (triglav.mk) .

  • Во полето Датум на користење на здравствена услуга се внесува датумот од медицинскиот документ кој го прикачувате.
  • Во полето Медицинска документација го прикачувате медицинскиот документ со препораката за која што барате гаранција за здравствена услуга. 
  • Во полето Останато го прикачувате пополнетиот Образец за барање на гаранција.


Дали има друг начин за пријава на осигурен случај освен преку дигиталната платформа?

Да, доколку и понатаму се соочувате со потешкотии при пријава на осигурен случај преку веб апликацијата, имајте предвид дека секогаш е достапна опцијата за пријава  на осигурен случај со поднесување на документацијата во главното седиште на Триглав Осигурување на адреса: Бул. 8-ми Септември бр.16 (поранешен комплекс Ми-Да) секоја работен ден од 08:00 - 16:00 часот или по пошта на истата адреса.

Рокот за пријава на штета по доброволно здравствено осигурување е 90 дена.


Погледнете ги останатите понуди