Осигурување од непредвидливата природа

Кога е време на сеење и време на подготовка за садење култури за одгледување, секој земјоделец сака временските услови да бидат поволни за добра жетва во текот на сезоната на растење.

Сепак, ова не е секогаш случај. Затоа, соодветно осигурете се неповолните временски услови, како град, мраз, поплава, пожар, бура, суша и други непријатности да не го загрозат вашиот приход поради уништени или намалени посеви.

Најчесто поставувани прашања

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРИ МЛАД НАСАД ОД КРАЖБА?

 Кражбата не е опфатена со ова осигурување. Осигурувањето на млади насади покрива штети настанати како резултат на град, пожар, удар од гром, луња, снежна лавина, поместување или изделување на теренот.

ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СУМ СОГЛАСЕН СО ПРОЦЕНАТА КАКВА Е ПОСТАПКАТА?

Во таков случај осигуреникот во рок од 3 дена од соопштувањето на резултатите од процената го известува осигурувачот дека е незадоволен од процената. Осигурувачот во тој случај, ќе му понуди заеднички да определат вештачење од независна овластена институција или агенција за вештачење при што трошоците за истата ги сносат двете страни подеднакво. Доколку осигуреникот не постапи така, процената се смета за конечна.

АКО ДЕНЕС ИЗВАДАМ ПОЛИСА ДАЛИ ПОКРИТИЕТО ВЕДНАШ ПОЧНУВА ДА МИ ВАЖИ?

Покритието започнува на 3-тиот ден од денот наведен во полисата како почеток на осигурувањето. Доколку го вклучите дополнителното покритие за пролетниот мраз тогаш покритието започнува да важи од 1 Април согласно Посебните услови за осигурување од пролетен мраз.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРАМ ПЧЕНИЦАТА ИАКО НЕ СУМ КОРИСНИК НА СУБВЕНЦИИ?

Секој може да се осигури, без разлика дали користи субвенции или не. Сѐ што ви треба е да доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп (ако станува збор за државно земјиште потребен е и записник за воведување во владение).

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе