Во случај на болест или незгода

Домашните животни и миленици, кои најчесто стануваат членови на семејството, се изложени на разни повреди и болести.

Лекувањето, или загубата на животно обично претставува голем финансиски товар за сопственикот. Затоа, обезбедете соодветно осигурување и префрлете дел од товарот на осигурителната компанија.

Договор за склучување на осигурување можете да направите во најблиската експозитура. Сѐ што треба да направите е да ја обезбедите потребната документација и да пополните Прашалник за осигурување животни.


УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Проверете сѐ што ве интересира во општите и посебни услови за осигурување.

Општи и посебни услови за осигурување


Општи услови за осигурување на животни


Преземи
Посебни услови за осигурување кучиња


Преземи
Посебни услови за осигурување животни на изложба


Преземи
Посебни услови за осигурување фазани во фазанерии


Преземи
Посебни услови за осигурување животни во карантин


Преземи
Посебни услови за осигурување крапови


Преземи
Посебни услови за осигурување мисирки, бисерки и пауни


Преземи
Посебни услови за осигурување пастрмки


Преземи
Посебни услови за осигурување пчели


Преземи
Посебни услови за осигурување приплодни животни од губење
на приплодната способност



Преземи
Посебни услови за осигурување живина



Преземи
Посебни услови за осигурување егзотични животни во зоолошки
градини и надвор од нив



Преземи

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Кучето ми е осигурено, како да постапам во случај на лекување?

Трошоците за лекување се надоместуваат по пат на рефундација. Висината на трошоците за лекување се утврдува врз основа на извештајот, издаден од ветеринарот и оригиналната фискална сметка.

 

За поднесување на барање за рефундација на средства за лекување на кучето, потребни се следните документи:

  • Пријава за штета ;
  • Доказ за извршено плаќање -  оригинална фискална сметка;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на миленикот;
  • Ветеринарен извештај, којшто треба да ги содржи следните податоци:
  • сопственик на кучето и негова адреса;
  • идентификација на кучето – број на чип;
  • датумот кога е направен прегледот;
  • дијагноза;
  • спецификација на видот, количеството и цената на потрошените лекови и материјали;
  • вкупен износ;
  • потпис и печат на ветеринарот и потпис од сопственикот на куче


Како да постапам во случај на смрт на кучето од болест или од несреќен случај?

Случајот се утврдува на самото место, од страна на проценителот од компанијата, ветеринарот и сопственикот на кучето. Увидот се прави директно на кучето, откако ќе биде утврден неговиот идентитет со читач на ИД кодот.


Во овој случај потребна е следната документација:

  • Пријава за штета;
  • Ветеринарен извештај, образец којшто Триглав го доставува до ветеринарот;
  • Фотографии од кучето направени за време на увид;
  • Одјава од системот за идентификација и регистрација на животните;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на кучето.