За поголема безбедност во странство

Осигурување за службени патувања, или за работа во странство.

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се - земете добро здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како  последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

Проверете кои ризици се покриени со здравствено патничкото осигурување и која опција повеќе ви одговара. Во зависност од тоа каде, колку долго и со кого патувате, изберете пакет со најдобра гаранција за безбедно патување.

Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.

Осигурувањето важи насекаде во светот, освен на територијата на Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.

Дополнителни информации, поврзани со Ковид - 19

Полисата за здравствено патничко осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19.

Дополнително, со секоја склучена полиса за здравствено патничко осигурување во Триглав добивате и ПЦР тест или брз антиген тест по поволна цена во Аџибадем Систина:

  • ПЦР тест – 950мкд
  • Брз антиген тест – 900мкд

Тестирањето можете да го направите во рок од 7 дена од датумот на издавањето на полисата за здравствено патничко осигурување. За да го добиете попустот, единствено треба да ја приложите полисата при тестирањето, а резултатот го добивате истиот ден.

Повеќе детали за ограничувањата можете да најдете во Условите за здравствено – патничко осигурување.

Осигурителни пакети

Висина на осигурително покритие
Трошоци за лекување од незгода и болест
15 000 ЕУР
30 000 ЕУР
Трошоци за превоз
3.600 €
7.200 €
Надомест на телефонски трошоци
1.500 MKD
1.500 MKD
Доцнење на багаж во рок од 20 часа
200 €
200 €
Кражба на лични ствари-багаж
200 €
200 €
Кражба на техничка стока-багаж
500 €
500 €
Итни стоматолошки интервенции
150 €
150 €