Совети за подобро мозочно здравје

Прочитајте неколку совети за подобрување на мозочното здравје.


Мозокот е еден од најголемите и најкомплексните органи во човековото тело. Иако е одговорен за само околу 2 % од телесната тежина, мозокот троши околу 20 % од кислородот во нашата крв и 25 % од гликозата (шеќерот) кој циркулира во крвотокот. Затоа, добрата циркулација е исклучително важна за правилно функционирање на мозокот.
 

Прочитајте неколку совети за подобрување на мозочното здравје.
 

Најдобра храна за здрав мозок

Риба

Повеќето од рибите, a особено лососот, содржат омега 3 масни киселини. Со оглед на тоа дека дури 25 % од мозокот се сочинети од DHA омега 3 масни киселини, јасно е зошто рибата се издвојува како иделна храна за мозокот. Омега 3 масните киселини се неопходни за секоја активност на мозокот, а воедно, имаат позитивно влијание и врз имунитетот бидејќи имаат антиинфламаторно дејство. Доволно е да се внесат 100-120г риба, два до три пати неделно.

Боровинки

Истражувањата покажуваат дека боровинките позитивно делуваат на помнењето. Во споредба со останатите овошја, боровинките се особено богати со антиоксиданти.

Домати

Доматот е убедливо најбогатиот извор на антиоксиданти и поради тоа се издвојува како одлична храна за мозокот. Ликопенот, антиоксидантот којшто го има во доматите, ги штити мозочните клетки, кои, доколку се оштетат, предизвикуваат деменција, или Алцхајмерова болест.

Витамин К

Брокулата е одличен извор на витамин К, којшто се издвојува како еден од есенцијалните витамини потребни за подобрување на когнитивните функции и работата на мозокот. Ниското ниво на витаминот К може да предизвика проблеми со помнење, како и да ја зголеми можноста за појава од Алцхајмерова болест. Извори на витаминот К се: карфиол, спанаќ, грашок, блитва, зелен чај, брокули, зелка, морков, кељ, ману, аспарагус.  Некои овошја, како што се авокадо, киви и грејпфрут, исто така се богати со витаминот К.

Јајца и пилешко месо

Б6, Б12 и фолната киселина се познати по своето влијание на подобрувањето на хомоцистеинските нивоа во крвта. Хомоцистеинот е аминокиселина, која со помош на витаминот Б, учествува во развојот на ткивото. Доколку во телото немаме доволна количина на витамин Б, хомоцистеинот останува неструктуиран и на тој начин доаѓа до појава на кардиоваскуларни болести. Храна богата со витамин Б е: пилешко, риба, јајце, говедско месо, суво грозје.

Ореви

Оревите се богати со омега 3 масни киселини, но покрај тоа, тие содржат и неколку хранливи материи коишто се исклучително важни за функцијата на мозокот.

Која храна влијае лошо на здравјето на мозокот? 

Доколку сакаме нашиот мозокот да биде здрав, треба што помалку да внесуваме црвено месо, маргарин, колачи, како и пржена и брза храна. 

Навики

Пушењето и претераната конcумација на алкохол имаат негативно влијание на здравјето на мозокот. Со секој повлечен дим од цигарите, во телото се внесуваат повеќе од 4 000 разни хемикалии, од кои 3000 го оштетуваат респираторниот систем, а 50-тина ја зголемуваат можноста за појава на рак.

При повлекување дим од цигара, се забрзува срцевиот ритам, се зголемува крвниот притисок, се возбудува автономниот нервен систем, се предизвикува затегнување на крвните садови, а се отежнува и дишењето, сите ткива чувствуваат дефицит на кислород и со тоа се нарушува функционирањето на целиот организам, а особено на мозокот, на којшто за правилно функционирање, му е потребна правилна циркулација и голема количина на кислород.

Алкохолот, исто така, ја менува функцијата на мозокот, што резултира со привремена промена на расположението, свесноста и однесувањето.

Значи, целосно отфрлете ги цигарите од вашиот живот и бидете умерени со алкохолот.

Добар сон

Добриот сон му овозможува на мозокот зголемување на функционалноста и можноста за фокус додека е буден. За добриот сон е заслужен мелатонинот - хормонот кој се лачи од епифизата.

Времето потребно за добар сон зависи од личност до личност, но генерално на возрасните им се потребни од 6 до 8 часа сон, на децата од школска возраст им се потребни од 8 до 10 часа сон,  на децата од претшколска возраст им се потребни 10 часа сон, додека пак, новороденчињата вообичаено спијат и по 18 часа дневно.

 

Извор: http://www.triglav.hr/savjeti/zdravlje-mozga

 


Complementary Content
${loading}