Дали ние родителите сме секогаш во право?

Дали само ги заплашуваме децата, или предупредувањата што ги користиме се навистина факти?

Доколку не си ги измијам забите, ќе ми паднат, ми зборуваа родителите. Да не јадам подгреан компир, бидејќи ќе ме боли стомакот, и слично. Последен пат лично ги употребив овие изјави на моите деца, но воедно додадов, дека од јадењето благо ќе им биде лошо. При тоа самата се запрашав, дали навистина е така? Дали се тоа само митови коишто ги пренесуваме од генерација на генерација или навистина е така? Проверив со експертите.

 

Избрав 12 најчести предупредувања, кои редовно ги користам кај моите деца за да ги проверам.

Ми помогнаа Јуре од Алфакан полиција и консултантите од медицинскиот портал Med.Over.Net: м-р. Ива Вербник, дипл.инж. за технологија за храна, модераторот на Форумот за безбедност на храна др. Даринка Грмек Штрукељ – матичен лекар, др. Татјана Грмек Мартињак др.педијатар, модераторка на форумот Педијатрија.
 

1. Не смееш да јадеш подгреан спанаќ или компир.

Да започнеме со митот, со којшто пораснав. Експертите велат ова не е точно. Доколку спанаќот или компирот се чува во ладилник, можеме повторно да го подгрееме.
 

Меѓу 12 златни правила за чување на храна. Експертите потврдија, компирот можеме уште еднаш да го подгрееме за да го изедеме, но само во случај доколку притоа соодветно сме го чувале (брзо оладен и чуван во ладилник до 5° C).

 

Доколку компирот или спанаќот, кои ги земаме од ладилникот, соодветно термички ги обработиме и ги загрееме на температура над 70° C, микробиолошки се соодветни за консумирање. Значи нема причина, веднаш да се фрли, сосема е во ред истата храна да се послужи за вечера.
 

2. Не смееш да пливаш веднаш откако ќе јадеш, ќе се удавиш.

Предупредувањето, да не се плива веднаш по консумирање на храна, често го забележувам кај упатствата за безбедно пливање.
 

Превентивно се препорачува да не се плива со полн желудник.


Што значи, експертите утврдија, дека постои мала веројатност, да се потоне, доколку со полн желудник се оди во вода. Точно е, дека по јадењето се забавуваат другите активности во телото, бидејќи започнува процесот на варење.
 

Пливањето и другите спортски активности при полн желудник ги започнуваме полека и не премногу интензивно, за да не ни се слоши.
 

Децата можат да одат директно во вода по мала закуска, но доколку премногу јаделе, експертите препорачуваат да направат кратка пауза пред да преземат каква било активност.
 

3. Ако одиш надвор, премалку си облечен/а, ќе настинеш.

Сите сме го слушнале ова, или нешто слично на ова. И самата трчам по децата и ги убедувам да облечат маица, за утре да не им тече од носот.
 

Сепак, лекарите појаснуваат дека вирусите се оние кои ги предизвикуваат настинките.
 

4. Јади морков, за подобар вид.

Лично не сум голем љубител на морковот. Но, откако добив потврда дека оваа изјава, која што моите родители постојано ми ја повторуваа е факт, ќе се потрудам малку повеќе.

 

Морковите содржат провитамин каротин, кој преку метаболички процес произведува витамин А, којшто со помош на истражувањата е докажано дека помага за подобрување на видот.

 

Морковот има и огромен број други здрави особини: претставува извор на влакна, содржи калиум, калциум, железо, витамини К, Б6, Ц и Е, како и фолна киселина. 

 

Исто така е здрав за забите, бидејќи помага да се спречи нивното расипување.

 

5. Доколку се кривиш (правиш гримаси), лицето ќе ти остане такво.

Едноставно не е точно. Една од докторките, низ смеење ми потврди дека родителите нѐ учеле така, за да нѐ убедат дека тоа не е убаво, бидејќи сакале да нѐ спречат во намерата да правиме гримаси кон другите.

И ова предупредување ќе продолжам и натаму да го користам.
 

6. Не седи блиску до компјутерот, ќе ослепиш.

На нас всушност ни велеа, дека не смееме да седиме премногу блиску до телевизорот, денес пак оваа изјава ја користам за компјутерот и таблетот.

Експертите делумно се согласуваат, велат дека децата нема сосема да ослепат, но веројатно ќе го ослабат видот и ќе гледаат послабо.

 

Ова важи и за нас возрасните, како последица од предолго гледање во различни екрани можеме да предизвикаме синдром на компјутерски вид, којшто се манифестира со црвени, суви и уморни очи, замаглен поглед и главоболка. 

 

Со изборот на правилна осветленост, веќе можеме да се погрижите за намалување на негативното влијание врз нашите очи.

 

7. Доколку не си ги миеш забите или јадеш премногу благо, ќе ти се расипат.

Процесот на метаболизирање на јаглени хидрати, кои најмногу ги има во слатките, започнува во устата и предизвикува кисела средина. Настанатата киселина потоа ја разјадува забната глеќ, каде што потоа се собираат бактерии и што придонесува за расипување на забите.

Значи со ова предупредување можам и натаму да ги малтретирам децата.
 

8. На ветровито време не смееш без трака или капа, ќе си ги настинеш ушите.

Вака ми го разјаснија овој мит: ветрот ги лади ушите само надворешно. Средното уво заболува поради инфекција. 
 

9. Доколку не се врзеш со безбедносниот појас во автомобилот, јас ќе одам во затвор.  

Со ова ги заплашувам децата, бидејќи најбрзо делува. Но, дали е вистина? Толку време ги убедував децата, што почнав и самата да се плашам, затоа ова прашање го проверив во полиција.
 

Ми одговорија вака: Доколку детето во автомобилот не е врзано со безбедносен појас, возачот, што значи јас, ќе треба да плати казна.

Бидејќи на децата не им значат пари и казни, и понатаму ќе ги плашам дека ќе одам во затвор.  

На мене, секако најмногу ми значи сигурноста на децата.
 

10. Доколку со велосипедот кочиш само со предните кочници, ќе паднеш на глава.

Едвај чекавме, да можеме сите заедно да возиме велосипед. Но, пред тоа моравме многу нешта да научиме.

 

Возењето велосипед е одлична форма на рекреација за целото семејство, но внимателно водете сметка за децата

 

Имаше многу главоболки со учење на правилно застанување. Започнувајќи од учење на користење на двете кочници, учење да не се клизи со нозете по земјата или да не се забиваат со велосипедот во ѕид. Ова траеше некое време, додека научивме дека мора истовремено да се кочи со предните и задните кочници.

 

Ова го потврдија и експертите, односно дека со силно кочење само со предна кочница се блокира велосипедот и навистина, во најлош случај, ризикуваме пад на глава.

 

11. На кучето прво треба да му ја понудиш раката, да те душне. 

Експертите, опоменуваат, дека на повеќето кучиња не им се допаѓа кога некој ги допира по глава или муцка.

Кучето најлесно го препознава детето преку мирисот, затоа е добро да му дадеме малку време, самото да дојде до детето и да му ја мирисне раката.

Но, доколку детето се приближи до кучето, тогаш нека го стори тоа што е можно помирно (без викање и без нагли гестикулации со рацете). Нека пристапи бочно. Кога кучето ќе го „запознае„, односно ќе го осети по мирис, може да го допре, па дури и да го погали. Секако, во присуство на родителите.

Доколку кучето не дава знаци дека сака да се дружи, најдобро е да не се допира воопшто.
 

12. Доколку слушаш премногу гласна музика, ќе оглувиш

Штом на радио ја слушнат песната која им се допаѓа, мора да се попушти глас. И сега, јас, како што мене ми кажувале на времето, им велам дека сите ќе оглувиме. И тоа не е случај  само за гласната музика, туку и кога се расправаат со врескање, на шала им велам дека веќе ништо не слушам.

 

Оториноларинголози од целиот свет, како и овде во Институтот за јавно здравје, за зголемената наглувост и хроничните повреди на слух, ја обвинуваат шумната околина, која што со децении расте. Толку многу бучава, вклучувајќи ја и гласната музика (и веројатно гласното расправање), навистина може да го оштети вашиот слух со тек на времето.

 

Затоа, треба да се внимава и при избор на слушалки.

 

Автор:Инга Батур

 

Извор: https://vsebovredu.triglav.si/druzina/imamo-starsi-vedno-prav


Complementary Content
${loading}