ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ДРУШТВОТО

Врз основа на член 40 од Статутот и донесената Одлука на 187-та седница на Одборот на директори на Триглав свикува собрание.

Врз основа на член 40 од Статутот на Триглав Осигурување АД, Скопје и донесената Одлука на 187-та седница на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, одржана на 20.-21.04.2022 година, за свикување на 58-та седница на Собранието на акционери, Одборот на директори на

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, СКОПЈЕ

Објавува

П О В И К

до акционерите за учество на Годишното собрание на акционери на Друштвото

Годишното собрание на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје ќе се одржи на ден 26.05.2022 година (четврток) со почеток  во 10,00 часот во седиштето на Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16 со следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

I.              Процедурален дел:

  1. Избор на претседавач на Собранието и
  2. Избор на бројачи на гласови.

 

II.             Работен дел:

  1. Донесување на Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2021 година;
  2. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2021 година;
  3. Донесување на Одлука за усвојување на Извештајот на ревизорите и финансиските извештаи на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2021 година; 
  4. Донесување на Одлука за распоредување на остварената чиста добивка на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2021 година;
  5. Донесување на Одлука за назначување на друштво за ревизија на финансиските извештаи на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2022 година;
  6. Донесување на Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на внатрешната ревизија на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2021 година;
  7. Донесување на Одлука за одобрување на работата и водењето на работењето од страна на членовите на Одборот на директори;
  8. Донесување на Одлука за избор на член на Одборот на директори и
  9. Донесување на Одлука за измена на Статутот на Друштвото.

 

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието. Секој акционер кој има намера да учествува на седницата на Собранието на Друштвото, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество) најдоцна пред почетокот на Седницата на закажаното Собрание. Пријавите да се достават на адреса бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, до Службата за правни и корпоративни работи. Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на еден од следниве начини:

  • со потпишување на писмено полномошно заверено на нотар;
  • со давање на полномошно во писмена форма, без обврска да се завери полномошното на нотар, при што акционерот е должен писмено да го извести Друштвото за даденото полномошно и да достави доказ за неговиот личен идентитет. Обрасците за давање на полномошно во писмена форма се достапни за превземање на интерент страницата на Друштвото.
  • со овластување на полномошниците по електронски пат на следната електронска адреса: osig@triglav.mk.

Секој акционер има право да предложи точки на дневен ред и да предложи усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени во дневниот ред, најдоцна во рок од осум дена од денот на објавување на повикот. Постапката за предлагање на нови точки на дневен ред, предлагање на одлуки по секоја од точките кои се вклучени во дневниот ред и начинот на поставување на прашања за точките од дневниот ред се објавени на интернет страницата на Друштвото.

Акционерите можат да гласаат со коресподенција со испраќање пополнет образец  кој во оригинал мора да биде примен во Друштвото најдоцна на 25.05.2022 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Образецот за гласање со коресподенција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет страницата на Друштвото: www.triglav.mk.

Материјалите за седницата на Собранието на акционери на Друштвото се достапни на акционерите од денот на објавување на повикот, секој работен ден од 09-14 часот на приемната рецепција на прв кат во деловната зграда ХИПЕРИУМ, на бул. .„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје и на интернет страницата на друштвото: www.triglav.mk.

 


Complementary Content
${loading}