Каско осигурување

Обезбедете целосно осигурување за Вашето возило и не грижете се кој е причинител на штетата на Вашето возило.
Каско осигурувањето за сите видови моторни возила, коешто го нуди Триглав Осигурување, овозможува осигурително покритие од следниве ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки и обест на трети лица, оштетување на тапацир при давање помош на лица повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води. Со ова осигурување до одредено ограничување е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

Доколку сте наш осигуреник со полиса за автомобилска одговорност и зелена карта, имате непријавени штети при обнова на полиса и плаќате еднократно, полисата за Каско осигурување можете да ја добиете со попусти на премијата од 40-70%.