Ви помагаме во изборот на вистинската раса на куче, согласно вашиот животен стил.
Бернардинец или Бернско планинско куче? Мопс или пудлица? Златен ретривер или лабрадор? Размислувате за купување куче? Со нашите стручни соработници, ќе ви помогнеме да одредите која раса е соодветна за вас, со оглед на активностите во вашето слободно време и времето кое што сте подготвени да го посветите на кучето.
Во тестот не се фокусиравме на изгледот на кучето, бидејќи тоа не треба да биде најважниот фактор при изборот. За заеднички живот поважен е карактерот, отколку изгледот на кучето.
Во тестот ви претставуваме неколку видови кучиња, кои за вашиот животен стил ќе бидат најсоодветни.
Пред кучето да стане дел од вашето семејство, информирајте се за неговите карактеристики, и едуцирајте се во однос на неговата дресура.