Покрај грижливо одгледување, животните можат да се разболат,
да се повредат па дури и да угинат. Затоа погрижете се за соодветно
осигурување, со кое ќе ги ограничите непредвидливите трошоци и истите нема да
бидат целосно ваш финансиски терет. Ова осигурување е наменето за
домашни животни (коњи, говеда, свињи, овци, кози, пердувести животни), домашни
миленици (кучиња), пчели, риби и егзотични животни.
Основното покритие обезбедува животните да се осигурат од
смрт од болест, или несреќен случај.
Со одредена доплата можат да се вклучат покритија за
следните случаи:
- губење на ждребе, или теле при ождребување/отелување;
- делумно умирање на пчелните семејства од хемиски препарати,
кои што се користат во земјоделството;
- лекување на домашни миленици (кучиња);
- бегање на риби од рибогоилиште поради поплава, или буици.
Исто така, можат да се осигурат:
- животни за време на престој во карантин;
- животни на изложби;
- егзотични животни во и надвор од зоолошки градини;
- машки приплодни грла, од опасност за загуба на приплодната
способност.
Триглав Осигурување ви нуди дополнителни поволности за
осигурување на домашни миленици (кучиња), кои се користат за медицински потреби
кај деца со аутизам и кај слепи лица.