Кој може да биде агент?
Агент може да биде лице вработено во пензиско друштво, или лице кое е договорно ангажирано од страна на пензиско друштво, кое има положено испит за агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и кое е запишано во Регистарот на агенти.
Во регистарот за агенти може да биде запишано лице кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Македонија, или, ако е странец, да има регулиран статус на странец согласно закон;
- Да не му е изречена прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност, или должност во областите на економијата, финансииите, осигурувањето, банкарството и правото;
- Да има завршено најмалку средно образование;
- Да положило испит за агенти пред Агенцијата и
- Да не е вработено во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Макеоднија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања.
Агенцијата го пропишува начинот и постапката за полагање на испитот за стекнување статус на агент и начинот и постапката за запиштување на лицето во Регистарот на агенти.
Апликација за агент
Согласно Законот за капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, агенти не можат да бидат лица вработени во Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
ПРИЈАВА НА ИСПИТ ЗА АГЕНТ НА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО