ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Пензискиот систем е составен од пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност и капитално финансирано пензиско осигурување, што им обезбедува на граѓаните материјална и социјална сигурност.


Структурата на пензискиот систем се темели врз три столба на осигурување, кои ги намалуваат економските ризици, и тоа:
• задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (прв столб),
• задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб),
• доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб).

ТРИГЛАВ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – ВТОР СТОЛБ

Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување е осигурување врз основа на капитализација на средствата. Преку овој столб се обезбедува остварување право на пензиско осигурување во случај на старост, односно се исплаќа старосна пензија (дополнително на пензијата од првиот столб).

ТРИГЛАВ ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – ТРЕТ СТОЛБ

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на доброволна основа. Во него можат да бидат вклучени сите лица кои сакаат да обезбедат подобра материјална сигурност покрај задолжителното осигурување, како и оние кои не се опфатени со задолжително осигурување.

ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИ И ЧЛЕНОВИ

Вообичаена практика во многу европски земји е постоење на професионални пензиски шеми, преку кои работодавачите или здруженијата на граѓаните организираат и финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови.