Групација Триглав

Групацијата Триглав е водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија и една од најголемите во Југоисточна Европа.

 

Заваровалница Триглав, матичната команија во Групација Триглав, заедно со своите компании ќерки и поврзани компании е присутна на седум пазари, во шест земји и вработува скоро 5.000 луѓе.

 

Со своето знаење, искуство и финансиска моќ, Триглав повеќе од 117 години ја оправдува довербата на клиентите дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина.

 

Клучни столбови на работењето се осигурување и управување со имот.

 

Групацијата Триглав задржува цврста финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност во работењето, што се потврдува и со високата бонитетна оценка »A», доделена од две признати бонитетни агенции. Со својата визија, вредностите и стратешките насоки го трасира својот развој во насока на современа, дигитална и динамична осигурително-финансиска групација, која што цврсто стои на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот. Главните вредности на друштвото се едноставност, агилност и доверливост, а со својата мисија тежнее кон градење на побезбедна иднина. Со својата визија се стерми кон динамичен развој на нови начини на работење, кои се темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

Стратешки насоки

  • Долгорочна стабилност и профитабилност во работењето и поголема вредност на Групацијата Триглав;
  • Фокус на клиентот и развој на поврзани услуги;
  • Развивање кооперативна и агилна организација и култура.