Cookies

Врз основа на член 31 од Статутот на Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав пензиско друштво АД Скопје, Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, на својата 51-ва седница одржана на ден 12.10.2021 година, донесе:

 

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДРУШТВОТО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАДОЛЖИТЕЛНИ И ДОБРОВОЛНИ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

 

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.


Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):


Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
• Колачињата „за време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
• „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.


Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:
• Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
• Колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.
 

Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје (во натамошниот текст: ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.

 

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена
веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се
јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на
најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да
соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го
подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат
постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.


Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање
согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на
страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или
одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

 

Дали можете да ги избришете колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете
некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.


Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето
корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе
бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка
ќе исчезнат.

 

Дали можете да го поставите пребарувачот да ги блокира колачињата?

Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате
или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од
најчестите:
▪ Google Chrome
▪ Microsoft Edge
▪ Mozilla Firefox
▪ Microsoft Internet Explorer
▪ Opera
▪ Apple Safari


За да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја
https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.


При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви
препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

 

Како ги користиме колачињата?

Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето
корисничко искуство на нашата страница. Деталите се наведени подолу.

 

Видови колачиња

 

Неопходни Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
Преференцијални Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.
Статистички Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
Маркетинг Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.

 

▪ Повеќето колачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО користи функции обезбедени од надворешен провајдер, како што е Google коj ги поставува колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат. 

▪ Најчестиот вид колачиња што се користат на веб страницата на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.


Колачиња кои ги користиме


Неопходни колачиња поставени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

 

Назив на колачето Кој го поставува Опис и цел Период на траење
JSESSIONID www.triglavpenzisko.mk Се користи од страници напишани во JavaServer Pages (JSP) за одржување на сесијата на корисникот анонимно од страна на серверот. За време на сесијата


Аналитички колачиња поставени од трети страни

 

Назив на колачето Кој го поставува Опис и цел Период на траење
_ga www.triglavpenzisko.mk Регистрира единствен идентификатор, кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. Информациите се чуваат анонимно. 2 години
_ga_5QXNXTW22G www.triglavpenzisko.mk Ова колаче е инсталирано од Google Analytics 2 години

 

Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следните електронски адреси info@triglavpenzisko.mk.