Če želite povezati spletno vsebino, dodajte vsebino v področje spletnega mesta "triglav.mk/Glavne vsebine/Осигурување/Физички лица/Дом/Мој дом" ali pa uporabite pogovorno okno Vsebinska točka ali način Urejanje skupnih nastavitev v Prikazovalniku spletne vsebine in izberite vsebino za prikaz. Seznanite se z nastavitvami vsebine

Микро дом

Осигурете го домот додека сте на патување во странство.

Заштитете го домот од големи штетни настани, кои што можат да се случат поради пожар или кражба. Микро дом можете да склучите онлајн, во рамки на индивидуална или семејна полиса за здравствено-патничко осигурување. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека сте на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

Цената за микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари.

Обезбедете здравствено-патничко осигурување со вклучено микро осигурување на дом и бидете спокојни додека патувате.

Склучете онлајн

Мој дом пакети

Пожар и некои други опасностиi
Провална кражба и разбојништвоi
Трошоци за асистенцијаi
Tрошоци за спречување, намалување или расчистување на штетаi
Трошоци при обид на провална кражба (поправка на ѕидови, врати, брави...)i
Кражба на париi
Кражба на скапоценостиi
Оружје со дозвола за поседување огнено оружјеi
Предмети кои се користат врз основа на кориснички права и договор за наемi
Исправи и документиi
Излевање на вода од инсталацииi
Одговорност кон/од трети лицаi
Tрошоци за привремен станi
Лизгање на земјиштеi
Kршење на стакло (на врати и прозорци)i
Осигурување на членови на домот од последици на несреќен случајi
Осигурување на миленици (кучиња) од смрт i
Расипување на апарати во домаќинството поради дефект на електричната мрежаi
Кражба на велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети во рамките на осигурениот домi
Продор на атмосферски води од кровi
Покритие на трошоци за сервис за хигиенски услуги за чистење на домотi
Трошоци за откривање на дефект на водоводни и топловодни инсталации i

Дополнителни покритиja

Дополнете го вашиот пакет онака како што ви одговара.

Дополнителни покритија - SAFE пакет
Додадете некои од дополнителните покритија на SAFE пакетот за уште поголема сигурност:

  • Поплава 
  • Земјотрес 


Дополнителни покритија - SMART пакет

Со SMART пакетот ви нудиме можности за дополнително осигурување на предмети како и простории во домот. Дополнете и прилагодете го вашето осигурување токму онака како што ви одговара.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Кршење на санитарии
  • Кршење на стакло на туш кабина
  • Кршење на стакло на стаклени ѕидови и прегради 
  • Кршење на стакло керамички и индукцски плочи
  • Кршење на стакло на аквариум
  • Излевање на вода од аквариум
  • Кражба на уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки
  • Осигурување на членови на домот од последици на несреќен случај
  • Осигурување на миленици (кучиња) од смрт 
  • Расипување на апарати во домаќинството поради дефект на електричната мрежа
  • Кражба на велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети во рамките на осигурениот дом
  • Kршење на стакло (на врати и прозорци)
  • Останати споредни простории (гаража и подрум)
  • Предмети во останати споредни простории
  • Енергетски ефикасни апарати и уреди
  • Системи за ладење и греење кои не се составен дел на градежниот објект
Дополнителни покритија - COMFORT пакет

За целосна сигурност во домот, додадете некои од дополнителните покритија на COMFORT пакетот.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Кршење на санитарии
  • Кршење на стакло на туш кабина
  • Кршење на стакло на стаклени ѕидови и прегради 
  • Кршење на стакло керамички и индукцски плочи
  • Кршење на стакло на аквариум
  • Излевање на вода од аквариум
  • Кражба на уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки
  • Останати споредни простории (гаража и подрум)
  • Предмети во останати споредни простории
  • Енергетски ефикасни апарати и уреди
  • Системи за ладење и греење кои не се составен дел на градежниот објект


Дополнителни покритија - RELAX пакет

Дополнете го RELAX пакетот и осигурете ја вашата викенд куќа со дополнителни покритија кои штитат од поголеми штети и временски непогоди.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Kршење на стакло (на врати и прозорци)
  • Лизгање на земјиште
  • Излевање на вода од инсталации


Направете информативна пресметка за осигурување на вашиот дом.

Доколку ви треба информативна пресметка на премијата за осигурување на дом при купување или изнајмување недвижност, можете веднаш да ја направите со нашиот дигитален калкулатор на HommeX.
Калкулатор

Најчесто поставувани прашања

Дали смеам да ја поправам настанатата штета во домот пред да добијам повратна информација од осигурителната компанија?

Не, пред да се поправи настанатата штета потребно е да се направи увид од страна на проценител од нашата компанија.  


Mе поплави соседот од станот над мене, дали можам да побарам надомест за штетата што ми е нанесена?

Да, само доколку имате склучено договор за осигурување на домот во кој е вклучен ризикот одговорност и излевање на вода.


Имаше силно невреме и ми ја оштети куќата, дали можам да побарам надомест за штетата?

Да, во случај на силно невреме односно луња може да се поднесе барање за надомест на штета настаната на домот. Луња се смета ветер со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62км на час и осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот преку извештај од хидрометеоролошки завод.


Поради гром во мојот дом прегоре куќен апарат, дали можам да побарам надомест на штетатата по оваа полиса?

Во случај на штета настаната од директен удар на гром во објектот односно предметите поднесете барање за надомест на штета.


Колкав е рокот за пријава на штета настаната во домот?

Осигуреникот е должен да пријави кај осигурителот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Асистенција

За вашиот дом

24-часовна помош за вас и вашите најблиски:

  • Брза помош и решавање на штета,
  • Организација и покритие на трошоци за занаетчиски услуги:
    • Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки),
    • Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење),
    • Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава),
    • Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата),
    • Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој).
  • Совети и корисни информации.


БЕСПЛАТЕН ПОВИК

0800 90 550

Пријава на штета

Opozorilo

Opozorilo

Najdena je bila neveljavna konfiguracija. Obrnite se na skrbnika.