ИСО сертификат

Триглав Осигурување АД, Скопје во месец ноември 2017 година започна со имплементација на Систем за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Имплементирањето на системот за управување со квалитет преку користење на стандардот ISO 9001:2015 како рамка придонесува Друштвото да ги стандардизира и усовршува процесите и активностите, а се со цел за подобро задоволување на потребите и очекувањата на клиентите, вработените и сите заинтересирани страни.

Во насока на обезбедување на постојана соодветност, адекватност, ефективност и усогласеност со стратешката насоченост на Друштвото, редовно се преиспитува системот за управување со квалитет во планирани интервали, а континуирани годишни контроли за примената на системот согласно утврдениот стандард се вршат од страна на SIQ Ljubljana.

 


ПОЛИТИКА
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
СТАНДАРДИ
ISO 9001:2015 СЕРТИФИКАТ