start portlet menu bar

SOS пакет за здравствено осигурување

Display portlet menu
end portlet menu bar

Со мала инвестиција до големо покритие

SOS пакетот е едноставно и достапно решение за здравствена заштита, коешто обезбедува покритие за операции и тешки болести.

SOS пакетот на Триглав е наменет за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци.

 

*Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60 годишна возраст.

 

SOS пакетот ги покрива трошоците за операции и тешки болести.

 

Оперативните зафати можат да се изведат во Република Северна Македонија, во Република Турција и во Република Словенија.


За осигурувањето

Покритие
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО?
ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНО?
ПРИЕМ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.


Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа.


Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист. Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија. 


Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за психијатриски услуги.


Овој производ е наменет за индивидуални и семејни корисници, кои сакаат да склучат договор за доброволно приватно здравствено осигурување.


Осигурувањето од малигни заболувања можете да го добиете како дополнително покритие во рамките  осигурувањето на операции, а износот на доплатокот зависи од видот на осигурување и тоа:

  • Кај семејно осигурување доплатокот изнесува 20% од основното осигурување на операции, по осигурено лице.
  • Кај индивидуално осигурување доплатокот изнесува 30% од основното осигурување на операции.


Доколку сте веќе корисник на нашиот пакет за врвна здравствена нега, информирајте се кај вашиот агент за можноста да го вклучите и ова покритие.

Здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба. Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.

Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.  


Приемот во осигурување се прави со достава на прашалник и историја на пациент од матичен лекар на осигурениците.

 

При склучување на полиса за осигурување во првата година е предвидена каренца, т.е.  период во кој осигуреникот нема право на надомест на штета за состојби кои ќе настанат или за кои е започнато лекувањето во тој период од два месеци за ризикот операции и три месеци за ризикот тешки болести.

 

Франшиза се применува само кај осигурувањето на операции, за состојби, коишто се јавуваат како последица на заболувања од горни дишни патишта. Франшизата е задолжителна и изнесува 30% од трошоците за оперативниот зафат.

 

E-mail адресата на Инфо-здравје е info.zdravje@triglav.mk, додека телефонските контакти се:

  • •0800 02222
  • •389 2 51 02222

Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете

Најчесто поставувани прашања

Во кои здравствени установи можам да се лекувам со полисата за приватно здравствено осигурување?

Можете да се лекувате во сите приватни здравствени установи кои имаат дозвола за работа, издадена од Министерството за здравство.

Во кој случај се покриени трошоци за прихијатриски услуги?

Трошоците за психијатриски услуги се покриени ако настане еден од овие 4 ризици: физичко малтретирање, силување, смрт на член на семејство (под член на семејство се смета брачен/вонбрачен партнер и деца) и дијагностицирано малигно заболување.

Дали доброволното приватно здравствено осигурување важи и надвор од границите на Република Северна Македонија?

Доброволното приватно здравствено осигурување важи и ги покрива трошоците што ќе настанат во приватните здравствени установи во рамките на територија на Република Северна Македонија. Исклучок се операциите, кога оперативниот зафат може да се изврши во Република Словенија, доколку осигуреникот сам го побара тоа.

Дали е потребно да имам упат од матичен лекар за да можам да ги користам услугите на доброволно приватно здравствено осигурување?

Не е потребно да имате упат од матичен доктор за да ги користите услугите од доброволното приватно здравствено осигурување.  Доколку се јави причина за лекување, обратете се директно во приватна здравствена установа.

Дали има рок за пријавување на штета и колкав е тој рок?

Рокот за пријавување на штета е до 90 дена од настанот. Штетата може да се пријави преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, без обврска за достава на оригинална документација, којашто треба да се прати во енкриптирана форма.

Дали малигните заболувања се покриени со полисата за доброволно приватно здравствено осигурување?

Доколку однапред се договори, малигните заболувања можат да бидат покриени со осигурувањето. Покритието се однесува на комплетна дијагностика, второ мислење, психијатриски услуги, оперативен зафат, хемо и радиотерапија, постоперативни помагала, како и пластична и реконструктивна хирургија како резултат на излекувано малигно заболување.

Дали се признаваат трошоци во јавно здравство?

Осигурувањето покрива трошоци кои ќе настанат само во приватни здравствени установи. Тоа не ги покрива трошоците на име учество со лични парични средства (партиципација) при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување.

Дали се признаваат трошоци за лекување на вродени состојби за кои осигуреникот не знел дека ги има?

Согласно Општите услови за осигурување вродените состојби се исклучени и поради тоа овие трошоци не се признаваат, без разлика дали осигуреникот знаел за нив или не.

Дали се признаваат трошоци за редовен преглед или терапија?

Осигурувањето не нуди покритие за редовни, превентивни здравствени прегледи, како и самоиницијативно следење на состојба, испитување, дијагностика и здравствена нега.


Дали се признаваат трошоци за физикална терапија?

Трошоците за физикална терапија се признаваат ако се во рамките на лекување и ако за истите има препорака од доктор специјалист од соодветна област. Трошоците се признаваат до висина на лимитот наведен на полисата за осигурување и доколку се изведат во приватна здравствена установа којашто има дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.

Дали се признати лабораториски испитувања по препорака на матичен лекар?

Лабораториски испитувања се признати само во случај ако истите се во рамките на некое лекување и се наведени во медицинскиот извештај од специјалистичкиот преглед, како дополнително испитување, со цел поставување дијагноза.

Дали се признати трошоци за лекови и кои лекови се признати?

Признати се лекови за кои што има одобрение за пуштање на лекови во промет согласно законската регулатива и кои што се регистрирани како лек во Централниот регистар на лекови во Република Северна Македонија.

Дали треба да се најавам во Инфо-здравје центарот, пред да се обратам во приватната здравствена установа?

Не е потребно да се најавите во Инфо-Здравје центарот за да користите услуги во приватната здравствена установа. Доколку се јави причина за лекување, директно јавете се во приватната здравствена установа.

Како се постапува при итен случај, дали треба најава?

Доколку се јави итен случај, осигуреникот, директно, без претходна најава во Триглав Осигурување, се обраќа во најблиската приватна здравствена установа. Доколку не е задржан на болничко лекување, осигуреникот поднесува барање за рефундирање на средства. Доколку се задржи за болничко лекување или операција, тогаш приватната здравствена установа го информира Триглав и по службен пат се доставува целата документација, со цел навремено (пред да биде пуштен од болница осигуреникот) да се испрати потврда за трошоците до ПЗУ.

Како се прави рефундација на средства и која документација е потребна?

Штетите, што се поднесуваат за рефундација, се пријавуваат целосно преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, скенирани и во енкриптирана форма. Потребно е да се испрати целокупната медицинска документација поврзана со лекувањето, пријава за штета (достапна на www.triglav.mk), доказ за извршено плаќање и копија од трансакциска сметка на осигуреникот.

Што е ИНФО-ЗДРАВЈЕ?

Инфо-здравје е асистентски центар, кој што на осигуреникот му обезбедува информации за осигурувањето и давателите на здравствени услуги, посредува при закажување на термини и врши најава кај давателите на здравствени услуги.

Асистентскиот центар е достапен е секој работен ден од 08:00-20:00 часот на телефонските броеви: +389 (2) 5102 222 и 0800 02222 или на е-маил адресата info.zdravje@triglav.mk.

Што ми покрива полисата за доброволно приватно здравствено осигурување и кога можам да ја користам?

Полисата за доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците за лекување, кои ќе настанат во рамки на покритието, кај доктор специјалист во приватните здравствени установи. Можете да ја користите полисата доколку се јави причина за лекување, односно доколку имате здравствени потешкотии, знаци на болести, или симптоми.

Погледнете ги останатите понуди