Патувањата во странство носат незаборавни моменти, но понекогаш се соочуваме и со целосно неочекувани ситуации. Со здравственото патничко осигурување, обезбедувате итна и неопходна поддршка, токму тогаш кога ви е најпотребна. Одберете го соодветниот пакет и предајте ја грижата во наши раце.
- Пакет Travel Smart, со покритие до 30 000 евра – исплатливо решение за патниците со стандардни потреби за заштита, кои бараат основно покритие по прифатлива цена;
- Пакет Travel Smart Plus, со покритие до 50 000 евра – проширена заштита, со повисоки лимити и повеќе можности за надградба.
Патниците добиваат ниво на сигурност што обезбедува вистинска поддршка во клучни моменти:
- Повисоко покритие за лекување во странство — 50.000 ЕУР, без под-лимити;
- Семејно осигурување со 50% попуст на премијата за деца до 18 години;
- Пониска премија за територијално покритие „Соседни земји“;
- Можност за склучување на полиса со повеќе влезови за цел свет;
- Ски пакет за љубителите на рекреативни скијачки и сноуборд спортови.
Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.
Здравственото патничко осигурувањето важи секаде во светот, освен на територијата на Северна Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.