Акционерот може да гласа со кореспонденција со пополнување на Образецот за гласање со кореспонденција.
Пред да се овозможи на акционерите да гласаат со кореспонденција, акционерите го потврдуваат својот личен идентитет приложувајќи документи за лична идентификација во оригинал или во препис од оригинал по избор на акционерите и без обврска за акционерите да го заверат кај нотар или да биде потврден од домашен или странски надлежен орган.
Пополнетиот образец за гласање со кореспонденција акционерот го доставува во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.
Акционерот кој гласал со кореспонденција може лично да присуствува на седницата на собранието, но доколку акционерот сака лично да гласа на самата седница мора писмено да го отповика гласањето со кореспонденција најдоцна пред одржувањето на седницата со доставување на писмено известување.
Акционерот гласа „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАН“ за секоја одлука што е предмет на гласање на Собранието.
Адреса на која се доставуваат обрасците:
Триглав Осигурување АД, Скопје
Бул. 8-ми Септември бр.16
1000 Скопје
Служба за правни и корпоративни работи
Со назнака „Собрание на акционери“