Нулта толеранција кон измами

Тие се причини за покачувањето на премиите, затоа заедно да ги запреме

Во кои случаи станува збор за измами во осигурување?

Како измами во осигурување ги третираме случаите во кои одредено лице со цел да наплати надомест на штета од осигурителната компанија :

  • намерно ќе уништи или оштети осигуран предмет
  • ќе склучи осигурување откога штетата веќе настапила
  • ќе склучи осигурување давајќи неточни или лажни податоци во врска со предметот на осигурување
  • ќе поднесе лажни податоци или фалсификувани документи


Видови на измами во осигурување

Најчесто кај измамите во осигурување одредени лица поднесуваат барање за надомест на штета од настан кој навистина се случил, но притоа ја прилагодуваат пријавата или додаваат неточни информации и податоци во врска со местото на случување на настанот, висината на настанатата штета и сл.  Во други случаи, штетата кај осигураниот предмет се предизвикува намерно со цел да се добие надомест на штета од осигурителната компанија.

Имплементација на напредно ИТ-софтверско решение за откривање на измами

Триглав Осигурување АД, Скопје е во процес на имплементирање на ИТ софтверско решение за спречување, откривање и истрага на измами. Слични софтверски решенија се користат од врвни меѓународни организации за ефикасно откривање и аналитика на кривични дела, вклучително и осигурителни измами, како и на други кривични дела извршени од поединци или организации.

Учество на вработените во спречување на измами

Повеќе од 1000 вработени во Групацијата Триглав учествуваат во редовни обуки од областа на спречување и откривање измами. Обуките се од клучно значење за подигање на свесноста на вработените за штетните последици од измамите и за воспоставување и негување на култура на нулта толеранција кон измами.

Најчесто поставувани прашања

КОЈ ГИ ОБРАБОТУВА ПРИЈАВИТЕ ЗА СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОСТОЕЊЕ ИЗМАМИ?

Директен пристап до поднесените пријави има само Службата за спречување, откривање и истрага на измами (СПОРП). Вашата пријава ќе биде внимателно разгледана и третирана како строго доверлива.

КАКО СЕ ОБРАБОТУВА ПРИЈАВА ЗА СОМНЕВАЊЕ ЗА ИЗМАМА?

За обработка на пријавите се воспоставени строги правила во интерните акти на Друштвото. Накратко, по прием на пријавата за сомневање за постоење на измама, Службата за спречување, откривање и истрага на измами врши прелиминарна анализа со цел да го потврди или отфрли пријавеното сомневање за постоење измама. Во случај сомневањето да се потврди, се покренува истрага од Службата, која спроведува длабинска анализа со примена на аналитички постапки и истраги, прибира информации и ги проверува документите кои и стојат на располагање, во согласност со важечките закони. Истрагата завршува или со потврда на измамата или со заклучок дека измамата не може да се потврди. Во случај член на Одборот на  директори да биде предмет на истрага, во согласност со интерните акти, СПОРП директно ги известува надлежните органи во Друштвото.

ДАЛИ ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЈА ОБРАБОТУВА СЕКОЈА ПРИЈАВА ЗА СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ИЗМАМА?

Во согласност со внатрешните акти, Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка на секој примен случај на сомневање за постоење на измама.

КАКВИ ВИДОВИ НА ИЗМАМИ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ПРЕКУ ЛИНИЈАТА ЗА ПРИЈАВА НА ИЗМАМИ?

Може да пријавите секаков случај на сомневање за постоење на измама кој се однесува на деловните операции на Триглав Осигурување АД, Скопје. Според општата дефиниција прифатена во Друштвото, како измама се дефинира секој противправeн акт или противправно делување поврзано со работењето на Друштвото или обид за таков акт или такво делување превземени со намера за прибавување противправна имотна или друга корист за себе или за трети лица и/или доколку преку таквото намерно протвиправно делување е причинета или би можело да се причини штета или загуба за Друштвото. По конкретно, поединечни видови на измами првенствено настануваат поради следниве дела:

 

  • злоупотреба на имот на Друштвото (проневера, злоупотреба на овластување или позиција на доверба, осигурителна измама, злоупотреба на внатрешна информација, откривање или противправно прибавување деловни тајни, неовластена употреба на туѓ бренд, модел и сл.);

  • корупција (неовластено примање и барање подароци, барање и примање услуги и добра за незаконско влијание/протежирање при тргување и сл.);

  • фалсификување деловни книги (фалсификување или уништување службена документација, фалсификување документи, даночни затајувања и сл.).


ШТО ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СИГУРНИ ДАЛИ ОПРЕДЕЛЕНО ДЕЈСТВИЕ ИЛИ АКТ СОДРЖИ ЕЛЕМЕНТИ НА ИЗМАМА?

Доколку не сте сигурни дали определено дејствие или акт содржи елементи на кривично дело, може да го испратите Вашето прашање без да прецизирате конкретни факти за случајот, преку емаил (sporp@triglav.mk ) или со одбирање на полето “поставете прашање”- на веб страната на Друштвото.

КАКО ДА ПРИЈАВАМ СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ИЗМАМА?

Може да пријавите сомневање за постоење на измама преку посебната апликација за пријава, достапна на веб страната на Триглав Осигурување. Ве молиме пополнете го образецот, наведувајќи ги информациите со кои располагате, а може да доставите и докази во електронски формат. Пополнете ги полињата на образецот детално и наведете ги фактите кои укажуваат на сомневањето за постоење на измама.

 

Сомневање за постоење измама исто така може да пријавите и преку :

е-маил:  sporp@triglav.mk

Телефон: +389 (2) 5102 241

Пошта: Триглав Осигурување АД, Скопје, бул. 8-ми Септември бр.16 (ДЦ Хипериум), 1000 Скопје (со назнака “за СПОРП”) или  

Лично: во просториите на Службата за спречување, откривање и истрага на измами во Триглав Осигурување АД, Скопје


ДАЛИ ДА ОСТАНЕТЕ АНОНИМНИ ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕ СЛУЧАЈ НА СОМНЕВАЊЕ ЗА ИЗМАМА?

Пријавите за сомневање за измама може да се поднесат и анонимно. Во случај пријавата да не е анонимна, идентитетот на лицето кое поднело пријава се третира како строго доверлив податок, а лицето ќе добие заштита од можни реперкусии.