start portlet menu bar

Каско осигурување на автомобили | Triglav.mk

Display portlet menu
end portlet menu bar

Целосно осигурување на возила

Каско осигурување на возило покрива штети кои би настанале поради уништување, оштетување или кражба на вашето возило.

Уништувањето или оштетувањето на возилата може да е последица од:

  • Разни настани, на коишто немате никакво влијание, нпр. вонредни временски непогоди, природни незгоди, кражба, непристојни однесувања на други лица и други посебни настани;
  • Настани во сообраќајот, за коишто лично сте одговорни.


Осигурувањето покрива штета поради уништување или оштетување на осигурените ствари, како последица од неочекувани и од волјата на возачот независни настани кои настануваат:

  • Во сообраќајот и во мирување: сообраќајна незгода, судир, превртување, лизгање или пад на возило, удар или пад на некаков предмет, снег како и ледени свеќи или ледени творби;
  • Заради дејствија на трети лица: насилно или недолично дејствување, манифестации и демонстрации;
  • Заради посебни настани: пад на летало, помош на повредени лица, попречување на поголеми штети на ствари (екстремна акција)

Врз основа на договор можете да склучите и осигурување на дополнителна опрема на возилото и личен багаж како и ствари во возилото.

Доколку сте наш осигуреник со полиса за автомобилска одговорност и зелена карта, имате непријавени штети при обнова на полиса и плаќате еднократно, полисата за Каско осигурување можете да ја добиете со попусти на премијата од 40-70%.


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Често поставувани прашања

Дали при пренос на сопственост на возило се пренесува и стекнатиот бонитет ?

При пренос на сопственост на возилото, не е можно преземање на претходно стекнатиот бонус. 


Погледнете ги останатите понуди