Покритија кај колективно осигурување на пензионери
Губење на живот поради незгода
На корисникот му се исплатува договорената осигурена сума во случај на смрт од незгода.
Инвалидитет
Дел од осигурената сума се исплаќа согласно утврдениот инвалидитет, според табелицата за инвалидитет, која што е составен дел од општите услови; при севкупен инвалидитет се исплаќа сета осигурена сума.
Надомест за болнички ден
Надоместот за болнички ден се исплаќа за секое преноќување на осигуреникот во болница, заради лекување на последици од незгода, но најмногу до 365 дена во период од две години од денот на незгодата.
